Приказната за тоа како е снимена песната Under Pressure и како автентично звучат изолираните вокали на Боуви и Меркјури, соголени од инструменталниот дел.
Без разлика дали се преговара за плата, попуст или решавање политичка криза, најновите сознанија велат дека еден од најефикасните методи во преговарањето е човек да си заплаче.
Американската федерална агенција за лекови го има одобрено лекот Трувада како третман за спречување на ХИВ инфекција. Ова е прво вакво лекарство што има добиено дозвола од агенцијата за лекови.
Кај сè поголем број на деца се дијагностицира кратковидост. Во источна Азија бројките се над 90-95%. Најдена е корелација помеѓу појавата на миопија со времето поминато надвор, на отворено, без разлика на активноста. Една од хипотезите за причината е премалата изложеност на јака светлина. Им благодариме на родителите што нè пуштаа со саати да се шлаеме по маало.
Добра вест: на Менхетен и во Скопје е исто. Лоша вест: исто е тоа што и таму и кај нас фалат подруми во зградите. Вест за ублажување на болка: кај нив подрумите (со големина на ќумез) чинат околу 200 / 300 илјади долари.
Плукачкиот сензационализам на грчките медиуми не им помага на граѓаните туку само ги бетонира стереотипите кои лесно се продаваат. Од друга страна, дивеењето кај приватните медиуми нема соодветна контратежа на јавната сцена бидејќи пред две години државата го укина јавниот дифузер.
По одлуката на американскиот Врховен суд, во САД веќе не постојат еднополови бракови. Постојат просто - бракови. "Љубовта победи" е сумарниот слоган на слободарските кругови во светот. Конзервативците мислат поинаку. Кај нас лидерството на ЛГБТ заедницата проценило дека треба да праќа мртовечки венци.
Две години откако беше фатен дека има паралелна врска со една од вработените (она 20 и нешто, он скоро па 40), Сергеј Брин деновиве многу тивко и без многу ширење информации се разведе од својата сопруга.
Како непотребната фрустрација на Бен Афлек околу некои негови предци го поткопа и јавниот имиџ на актерот, но и угледот на еден сериозен интелектуалец и една професионална тв куќа.
Следбениците на едeн од најморонските ограноци на христијанството тврдат дека црквата годишно троши меѓу 200 и 300 илјади долари само на патни трошоци.
За супермаркетите (и препродавачите на пазарите) важно е јагодите по боја и големина да изгледаат како на слика, да имаат колку може подолг рок на траење и да се отпорни на болести. Вкусот на јагода е факултативен.
Кога се посегнува по авторитети за да се промовира идејата за корисноста на пократката работна недела тоа обично се прави со цитирање на британскиот економист Џон Мајнард Кејнс, кој предвидел дека до 2030 ќе има 15-часовна работна недела, што на луѓето би им овозможило остатокот од времето да го минат во интелектуална надградба или во поедноставни ќефови.
Деновиве излезе документарец за Кобејн и документарец за Вајнхаус. На хартија и двајцата се жртви на депресија надополнета со слава и наркотици, на филм Кобејн е претставен како човек во кој публиката верува и сака да успее, Вајнхаус (со истите проблеми) е исмевана и клеветена за своето однесување.
Од истата количина на пченица од која денеска се добива еден леб, до 2050-та ќе се вади помала векна леб исклучиво заради глобалното затоплување кое ќе го намали нивото на протеин во зрното.
Тоа што супермаркетите постојано изгледаат како од реклама, и секое парче овошје или зеленчук е совршено идентично и привлечно за око, е главната причина зошто 40% од одгледаното овошје и зеленчук во САД се фрла пред воопшто да биде избрано за продавница.
Тврдењето за чудотворниот лек доаѓа од државната новинска агенција и тој не само што ги лечи овие болести туку и ги има искоренето. Она што на остатокот од светот не му успеа да го направи со целата наука, ресурси и кадар на располагање, на Северот му успеа со лек базиран на женшен.
"На животните мора да им пружите апсолутно милосрдие во нивната смрт", вели човекот чија приказна е доказ дека со што и да се занимавате, ако тоа го правите доволно страсно и посветено, луѓето ќе дознаат за вас, каде и да сте.
Во изминатите децении американските републикански кандидати за претседател се повеќе го спуштаат прагот на толерантноста кон науката. Па така за некои од попроминентните кандидати во обид за фаќање на што е можно повеќе гласови не е проблем да не веруваат во научните резултати околу климата или еволуцијата.
Ако дебел човек консумира 1.000 калории повеќе отколку што согорува, нив може да ги потроши само со вежбање. Проблемот е што со 30 минути џогирање ќе потрошиш само околу 350 калории. Или истото ова може да го постигне со елиминирање на 1 литар газирани пијалаци.
Досегашните истражувања го имплицираат шеќерот како виновник за растечката стапка на дебелеење и за болести како дијабетес, а дел од истражувачите го опишуваат како токсичен. И горе долу, црната кампања против шеќерот, трае веќе стотици години.
Заклучокот е од книгата "Chasing the Scream" според која војната против дрогата се базира на сеопфатно погрешно разбирање на зависностите, зависниците и историјата на користење дрога.