Одговорот на Марко Рубио на прашањето колку е стара Земјата беше "Не знам, не сум научник," со цел да не биде одбивен кон огромното американско гласачко тело кое не верува во теоријата за еволуција. Потполно истата фраза ја искористи и Рик Санторум додека зборуваше околу консензусот за климатските промени - "не сум научник."
Ова до сега посебно добро им успеваше затоа што своите ставови ги едначеа со ставот на католичката црква и на верниците (а не со лобија, интереси, влијание, корпоративни спонзори и сл). Сега откако беше најавено дека најновото папско писмо ќе биде на тема заштита на околината, истите овие претседателски кандидати му се навртеа на папата.
Рик Санторум, неделава се обиде со стратегијата "поголем католик од папата" порачувајќи дека "папата треба да ја остави науката на научниците, и да се фокусира на теологија и морал."
"Проблемот со ставот на Санторум? Папата, иако очигледно не е климатски научник (папа е), има минато образование во наука и заради тоа може да има подобро сфаќање на основните научни процеси отколку мнозинството луѓе кои немаат студирано наука," пишува Џејмс Вест за Мадер Џоунс, пренесувајќи неколку извештаи од други медиуми во кои се потврдува дека Папата има диплома за хемиски техничар, и дека има работено како хемичар.