"За првпат сфатив што има постигнато во својата кариера кога пред 20 години стапнав во неговиот дуќан и видов дека добил факс од Џек Николсон". Вака новинарот на Њузвик ја започнува приказната за месарот Дарио Чекини кој со месо снабдува ликови како принцот Чарлс, Стинг и Елтон Џон, а за него имаат пишувано и Њујорк Тајмс и Ди Велт.
А речиси да не мрда од Панзано, едно ридско село помеѓу Фиренца и Сиeна..
Немам намера да отворам бескраен ланец ресторани. Во моите места се седи со непознати луѓе, се дели софрата, јадењето, муабетите. Ритуалот е речиси племенски, вели 59 годишниот Чекини.
Неговото семејство се месари веќе 250 години. Тој имал поинакви идеи за себе и сакал да го прекине тој ланец па запишал ветерина. Но смртта на татко му го принудила да го прекине факултетот и да го преземе семејниот бизнис.
Иако звучи контрадикторно, за него животните и натаму се свети. Производството на месо, според него, подразбира обезбедување оптимални услови за животните додека се живи и пружање "апсолутно милосрдие во нивната смрт'.
Пред да биде крунисан за најдобриот месар на светот од страна на Џејми Оливер и да стане централен лик во бестселерот на Бил Буфорд "Heat', Чекини одржувал голем имот каде нудел засолниште на локалниот полу-свет: сиромаси, алкохоличари, луѓе со ментални проблеми.
Секој од нас има проблеми со својата ранливост, гордост и амбиции. Пред два месеца бев на работ на смртта кога докторите ми вадеа тумор од стомакот. Мојата жена 16 дена не се одвои од мојата болничка постела. Немавме вистински, па ова го доживеавме како наш меден месец. Опоравувањето беше како повторно да сум се родил.
Додека бил во болница, по интернет проструила лажна вест дека Чекини планира да отвори локал на еден речиси пуст остров среде Атлантскиот океан. Само илјада жители, но прекрасна природа со планини, изгасени вулкани и безброј водопади. Добивал меилови со прашања кога ќе биде отварањето. Го прогуглал тоа место (Илја Дас Флорес) и - му се бендисало.
- Колку е оддалечено од Панзано? - го прашува новинарот на Њузвик.
- Не е толку далеку. За 23 часа може да стигнам до таму.
- Чекајте, не мислите сериозно....?
- А зошто да не, па види какво е местото!