Заради привлечноста за муштериите, супермаркетите инсистираат на униформност на производите што ги добиваат. По системот "муштеријата секогаш е во право" ним им се испорачуваат идентични парчиња овошје и зеленчук. Без разлика колку и да се трудат и колку се напредни, земјоделците ова можат да го постигнат само со фрлање (или оставање на нива) на плодот што не ги исполнува критериумите.