"Дрогата не е тоа што ние мислиме дека е. Зависноста не е тоа што ние мислиме дека е. Војната против дрогата не е она што во последниве децении ни го пуштаа на телевизија. И алтернативите не се тоа што ние мислиме дека се," објаснува авторот на книгата, британскиот новинар Џонатан Хари.
Според него почетокот на војната против дрогата во 1930-те, кога департманот за прохибиција на алкохол се трансформира во Федерално биро за наркотици. Негов прв човек е Хари Анслингер кој сега има "голем владин оддел, без никаква паметна работа. Тој мора да најде нова цел за негово постоење - и е поттикнат од две многу интензивни омрази: кон зависници и кон афро-американци."
"Дрогите не се забранети затоа што некој седнал и рационално сфатил дека ова е најдобар начин да се ограничи нивното штетно дејство. Не - наместо тоа во САД постои масовна хистерија поттикната од Анслигнер, кој тврди дека афро-американците и латиносите, се дрогираат, 'го забораваат своето место' и ги напаѓаат белците. Тој се фаќа за длабоката и вкоренета омраза, и ова го канализира низ својот оддел," појаснува Хари, кој го обвинува Аслингер дека е виновен и за смртта на Били Холидеј (црнкиња со зависност од хероин).
Како една од најголемите заблуди во целата работа околу дрогите е идејата дека зависноста од нив е предизвикана од хемикалиите во самата дрога, "што е едноставна и очигледна приказна, која е здрав разум." Научната основа на ова се истражувања од почетокот на 20-от век, кога на глувци им се дадени два извори на вода еден со обична вода, еден со вода со хероин и кокаин. Резултатот е дека глувците секогаш ја бираат "зачинетата" вода и во речиси секој експеримент тие се предозираат со неа.
Кон крајот на 70-те, психологот и професор по психологија на зависности, го прави истиот експеримент, но со еден клучен апгрејд. Неговата теорија е дека во претходните експерименти глувците немале ништо поинтересно што да прават освен да ја пијат водата со дрога. Заради ова тој создава парк за глувци, во кој тие имаат најразлична храна, играчки, други глувци за дружење и многу секс. Плус двете различни води. Во овој експеримент глувците ни приближно не биле заинтересирани за зачинетата вода. Многу малку ја користеле, никогаш компулсивно и никогаш не се предозирале.
"Зависноста не е предизвикана од самите дроги. Зависноста е предизвикана од чувството на изолација и неповрзаност што го има самиот зависник. Не е до дрогата, туку до вашиот кафез," пишува Хари.
За остатокот од недоразбирањето околу дрогите и војната против нив тука