За сега се знае само дека Брин и сега веќе поранешната сопруга Ен Војчиски имаат ќерка и син, и се знае дека спорна беше колешката на Брин, Аманда Росенберг, која беше едно од лицата на Гугл Глас.
Не е познат распоредот на децата, ама најверојатно предност ќе има мајката, и не е познато колкав дел 30-те милијарди долари Брин ќе треба да и го префрли на поранешната сопруга.
Според Сан Франциско Хроникл парот имал предбрачен договор потпишан уште во 2007-ма (една година пред свадбата), според кој на сопругата и следува одредена (непозната) сума на пари, ама не и поделба на богатството. Самата Војчиски е основач на компанијата за биотехнологија 23ендМи, која вреди околу 110 милиони долари. Инаку, сестрата на Ен моментално раководи со ЈуТјуб бизнисот на Гугл.
Во 2014-та Ванити Феир имаше статија за аферата, и во неа се тврди дека Војчиски на Брин (господарот на мејловите) му фатила мејлови со Росенберг, и дека неколку месеци по ова Брин се отселил од куќата. Војчиски и Брин беа заедно од 1998-ма.