Американската јавна ТВ мрежа PBS соопшти дека ќе ја одложи новата сезона oд интересната серија "Пронаоѓање на корените" и дека веќе нема да ја репризира епизодата во која главен лик беше Бен Афлек и неговите предци.
Ова е резултат на сознанијата од хакираните меилови на Сони кои ги обелодени Викиликс во кои се откри дека Бен Афлек успеал да го убеди авторот на емисијата, Хенри Луис Гејтс, инаку познат и кредибилен интелектуалец, да го прескокне делот од приказната во кој се открива дека некои од предците на актерот биле сопственици на робови.
Утврдено е дека Афлек извршил "несоодветно влијание" врз авторот кој пак не ја известил куќата за ваквите странични интервeнции врз конечната содржина на епизодата.
Во меѓувреме PBS која сериозно држи до својот углед и јавна доверба (види ја нашата статија "Јавноста најмногу му верува на јавното") ангажирале "проверувач на факти' кој ќе треба да ги прочешла досегашните наводи во серијалот кој се занимава со семејните стебла на познати личности како Роберт Дауни Џуниор, Семјуел Л. ексон или Џесика Алба. Дополнително кон екипата која го реализира проектот ќе биде вклучен и независен генеалог.
Гејтс кој инаку е еден од најупорните борци за експонирање на вистината за ропството соопшти дека жали затоа што не ја информирал PBS за своите дополнителни консултации со Афлек но остана на своето претходно тврдење дека непријатниот дел за актерот бил изоставен затоа што сметал дека некои други предци на Афлек имале поинтересна приказна.