Во згради каде пентхаус чини до кај 10 милиони долари, како дополнителна услуга се нуди подрум, кој во нивната верзија е челичен кафез, по цена од околу 22.000 долари за метар квадратен (2.000 долари за една стапка квадратна). Пред некое време еден ваков кафез е продаден за 65.000 долари, што и не е најскапата понуда.
Во 2011-та се појави вест дека ваков подрум во зграда во близина на Централ Парк е продаден за 200.000 долари, 2 години подоцна купувач во зграда во Трибека плати 300.000 долари за подрум од 18. метри квадратни.
Најскапо платениот подрум чини 4.000 долари за квадратна стапка (околу 44 илјади за метар квадратен), и за површина од околу 5 квадрати платено е 216.000 долари.