Информацијата ја објавува Сандеј Тајмс, од каде тврдат дека официјалното соопштение ќе биде објавено во следните неколку седмици.
Според сите досегашни информации новото шоу најверојатно ќе биде за Нетфликс, а освен тоа не се споменуваат никакви дополнителни информации околу договорот.
Се очекува новото шоу да започне некаде пред следниот март, кога е закажана премиерата за новата сезона на Топ Гиар.
Годинешната сезона на шоуто беше прекината откако по едно снимање Кларксон удрил еден од продуцентите. По ова, Кларксон доби отказ од шоуто. БиБиСи не се премисли ниту откако петицијата за неговото враќање беше потпишана од 1 милион луѓе.