- Фирма чиј вистински сопственик е братучед на директорот на психијатриската болница „Бардовци“, доби тендер токму во оваа болница да ги одржува софтверските системи и да обезбеди обновени лиценци за мејл-сандачиња.
- Станува збор за фирмата „Индиго инц“ ДООЕЛ Скопје чиј вистински сопственик е Бесим Абдулаи, братучед на директорот на психијатриската болница „Бардовци“ Иса Авдулаи.
- Според договорот, потенцијалната и највисока сума што може да се потроши за една година е 42 илјади евра, пишува Мирослава Симоновска во СП.
- За разлика од другите договори што ги склучува болницата за други набавки, во конкретниот случај директорот Иса Авдулаи не фигурира како потписник на истиот, туку потписничка во име на болницата е Елисе Салахи, која во 2022 година била избрана на јавен оглас на позицијата „помлад соработник за јавни набавки“
- Поради психозата од очекуван „руски напад“, Литванија почна со екстремни мерки да реагира на вообичаени ситуации.
- Радарски сигнал од јато птици близу главниот град бил протолкуван како навлегување непријателски дронови. Аеродромот бил затворен и била побарана воздушна интервенција на италијански авион од составот на НАТО.
- Тревогата завршила откако пилотот визуелно потврдил дека во регионот забележал само птици.
- „При првичните отчитувања на радарот, трагите што ги оставаат птиците и дроновите можат да бидат слични“, објасни Литванскиот национален центар за управување со кризи.
- При сличен инцидент во мај, поради закана од дронови во литванскиот воздушен простор беше објавена општа тревога за жителите на Вилњус, претседателот и премиерката беа префрлени во бункер и беа прекинати летови и железничкиот сообраќај. Авионите на НАТО тогаш не забележаа дури ни птици.
- Глобалните залихи на саудиска нафта би можеле да се исцрпат за неколку дена доколку не се врати во функција виталниот нафтовод погоден од јеменските бунтовници.
- Откако дронови лансирани од хутите уништија пумпна станица, Ријад го затвори нафтоводот долг 1.200 километри од Персискиот залив до Црвено Море, со што се губат 4% од глобалните залихи.
- Аналитичари од Marhelm проценуваат дека за поправка на оштетувањата на нафтоводот може да биде потребен повеќе од еден месец поради „недостиг на резервни делови“.
- Долготрајниот прекин би можел дополнително да ги зголеми цените на горивата, откако цената на барел нафта од типот „брент“ достигна 109 долари.
- Саудиска Арабија минатата недела го извести ОПЕК дека нејзиното производство на сурова нафта паднало на 6,2 милиони барели дневно, од 10,9 милиони барели пред почетокот на војната во Иран.