Кога тројката потпиша за Амазон, официјалната информација беше дека договорот бил "многу, многу, многу скап." Ова го потврдува директор на Нетфликс, кој преговараше, ама не потпиша со водителите на Топ Гиар.
По зборовите на основачот на Амазон, Џеф Безос, новото шоу на поранешните водители на Топ Гиар ќе биде "многу, многу, многу скапо". А Безос не е човек кој лесно се плаши од пари.
На крајот од јуни пренесовме дека досега стандардната постава водители на Топ Гиар потпишале договор за ново тв шоу, само не се знаеше за кого (се шпекулираше дека е Нетфликс). Сега се знае, не е Нетфликс, Амазон е. Она што исто така се знае е и дека ќе го нема Стиг. Она што не се знае е како ќе се вика новото шоу.
БиБиСи најави дека ќе го брка Џереми Кларксон. Меј и Хамонд најавија дека ако ова се случи тие си одат од Топ Гиар. БиБиСи го избрка Џереми Кларксон. Меј и Хамонд го напуштија шоуто. БиБиСи сега сака да ги врати двајцата и тоа под услов да им даде многу пари.