Кларксон, Меј и Хамонд на Амазон Прајм

На крајот од јуни пренесовме дека досега стандардната постава водители на Топ Гиар потпишале договор за ново тв шоу, само не се знаеше за кого (се шпекулираше дека е Нетфликс). Сега се знае, не е Нетфликс, Амазон е. Она што исто така се знае е и дека ќе го нема Стиг. Она што не се знае е како ќе се вика новото шоу.

Продуцент на новото шоу е школскиот другар на Кларксон и досегашен продуцент на Топ Гиар - Енди Вилман, човекот кој е одговорен за успехот на претходното шоу.

Иако не е позната точната сума за која се ангажирани, тројцата водители се фалат дека од Амазон им дозволиле креативна слобода за да прават што сакаат со шоуто, нешто што го немаа во БиБиСи.

Шоуто следната година ќе почне да се емитува на Амазон видео сервисот, некаде во исто време со новата Топ Гиар сезона, која за прв пат после децении ќе биде без Џереми Кларксон.

Околу ангажманот за Амазон, тројцата ова го изјавија:

 

 

30 јули 2015 - 15:27