Во интервју за Сандеј Телеграф, Безос објаснува дека Кларксон, Хамонд и Меј "многу вредат и тие го знаат тоа."
"Имаме многу работи кои се во продукција, за кои мислам дека ќе им се допаднат на гледачите од Британија и околу светот. Мислам дека новото шоу на Кларксон ќе биде едно од тие.
Мислам дека сега сме во златното доба на телевизијата. Ако се вратиш во времето и барем 5 години, не би можел да натераш актери од прва класа да се појават во ТВ серии, или, ако можеш тоа би било ретко. Ама ова комплетно се промени," изјавил Безос.
Тој објаснува дека ТВ сериите моментално добиваат "големи инвестиции" и ова дозволува зголемување "на времето што го имаш на располагање за раскажување на приказната."
Премиерата на новото шоу е закажана за 2016-та.