Разнежнетиот Кларксон за време на снимањето на последната сезона на Гранд тур пред публиката порачува дека ова е „крај на една ера“.
Стандардниот формат од Топ гиар и Гранд тур, триото ќе го замени со „специјали“ со големи буџети, кои треба да бидат прикажани во следните две години.
„17 години седиме по студија и гледаме коли како вратат околу патеката.
Колку пати можеш да изгледаш како БМВ врти круг околу патека - што повеќе можеш да кажеш? Има четири тркала и седиште.
Сите се согласивме дека ова го правиме доволно долго и на крај на се му минува времето,“ изјавил Кларксон за Сан.
Џереми во своето резиме има 22 сезони на Топ гиар пред да се случи трансферот на Амазон.
Следната сезона на Гранд тур ќе има премиера во јануари 2019, а дури по нејзиното завршување почнува да важи новиот 2-годишен договор на триото со Амазон за снимање долгометражни епизоди.
По префрлањето од Би-би-си во Амазон, Кларксон, Меј и Хамонд, за почетната сцена од првата епизода од своето ново шоу ја снимија најскапата сцена во историјата на телевизијата која чинеше 2,8 милиони евра (сцената, не целата епизода). По трансферот од Би-би-си Амазон наводно на тројцата им има платено 178 милиони долари за 3 години.