Кој ќе ја упропасти марихуаната?

После легализацијата марихуаната е на добар пат да ти се одмили по иста основа како и брада, пиво, ракија, кафе, цигари - премногу луѓе не заинтересирани за содржината туку за пакувањето почнуваат да комплицираат крајно едноставна работа (пред тие да се вмешаат брадата беше долга и несредена, пивото ладно, ракијата од грозје, кафето црно и без ништо, цигарите со вкус и арома на цигари). Ок, не баш да ти се одмили, ама друго е.

Основниот страв е дека фармацевтската, тутунска или индустријата на е-цигари ќе ја искористат својата моќ за некако да го монополизираат пазарот на марихуана како што тоа го имаат направено со лековите и цигарите.

Џон Херман од Аул има друго предвидување:

"Одговорот не е ниту едно од горните. Одговорот е... ние. Јас. Ти. Ние ќе ја уништиме марихуаната, без за тоа да ни треба помош од каква било зла мега индустрија. Земи го предвид Потбокс:

Само размисли:

 

Само размисли:


Само размисли:

 

Само размисли:

 

Само размисли:

 

Само размисли:

 

Само размисли:

'Упропасти' е силен збор. Дали ентузијастите што дома прават пиво го упропастија пивото? Дали коктел мороните ги упропастија баровите? Не. Дали кафе идиотите го упропастија кафето? Не, без разлика колку се трудеа. Многу поточно е да се каже дека заради нив овие работи повеќе не се кул, затоа треба да се каже: марихуаната, технички, во 2015-та и посебно потоа, повеќе не е кул."

9 јули 2015 - 17:57