Живот и забава

Маркетингот на дилерите од Рио

Кокаинот таму оди во пакетчиња со олимписки кругови и прописно предупредување да не се користи во близина на деца. Профи.

Изгледа се исплатеше целото полевање со мраз од пред 2 лета

Летото 2014 народ си најде занимација и оправдување да се полеваат со вода по основа на кревање свесност околу Лу Гериг болеста (АЛС). Неодамна е објавено дека фондовите од Ајс бакет челинџ помогнале во откривање на еден од гените кои ја предизвикуваат болеста.

Колегијално донирање денови од одмор

Иако работењето во Гугл носи дузина згодни цаки (види овде), нивната политика на годишни одмори е класична; освен во една работа.

Словенци ајварот, барокот ни го дрпнаа - Мексиканци

Во град во јужно Мексико е отворен првиот музеј на светот посветен на барокот. Немаат ништо наше. Може треба да им понудиме.

Алкохолот е директна причина за седум типови рак

Лошо е што резултатите се од најнови научни анализи и се поддржани од експерти за здравје. Полошо е што важат и за оние што пијат алкохол и малку и умерено. Нуспојава, веројатно и алкохолот ќе добие етикети како цигарите.

На работ од бездната

Веројатно најисландскиот објект што некогаш може да биде замислен. И за сега е толку, само е замислен како концепт, иако кога би бил изграден ќе биде совршен дом за најголемиот Бонд негативец што некогаш се појавил. Идејата е бетонска зграда на самиот раб на некоја од провалиите на Исланд. Тоа изгледа вака:

Училиште без училници

Организацијата се вика Витра, а своите училишта ги опишува како "места за среќавање со позитивна и отворена атмосфера," кога на ова ќе додадеш дека се од Шведска, ситуацијата од насловот станува пологична.

Шесте часа пуч во Сиенен Турк

Прво дојде армискиот хеликоптер од кој се истоварија војници кои се обидоа да ја заземат телевизијата. По нив дојде полицијата со панцири и автоматско оружје, која упадна во канцелариите обидувајќи се да ги уапсат војниците. На крај беше толпата од 200 луѓе кои извикувајќи "Господ е голем" упаднаа во телевизијата сакајќи да ги распарчат младите војници, пишува дописникот на Базфид од Турција, Барзу Дарагахи.

Корбизије прогласен за културно наследство

УНЕСКО ги прогласи делата на францускиот архитект Ле Корбизије за светско културно наследство. Бетон, челик и стакло се основните материјали на неговиот модернизам, пуризам и брутализам, правци кои и натаму предизвикуваат спротивставени коментари.

А ова е вашиот мозок на постојан циклус на насилни вести

И да не следиш вести 2016 до сега беше преполна со настани што не можат да те одминат, и ова важи дури и ако држиш до некој арогантно висок став на толеранција кон светот дека вест е само нешто што се случува во Западна Европа или САД.

Триперот се враќа, појак од кога и да е

Иако никој од околните факмани одамна се нема пожалено/пофалено дека ја закачил (сега главно се жалат на триглицериди или жгаравица), гонорејата не само што е тука туку станува отпорна на сите можни оружја кои ги имаме против неа.

Месо од епрувета, има да го јадете и има да ви се свиѓа

Има претерано многу аргументи против индустријата за месо, одгледувањето животни за храна предизвикува климатски промени, ја загадува околината, создава болести и бактерии кои се сè поотпорни на антибиотици, фекалии, а колењето животни во одредени случаи би можело да се квалификува како тортура. Едниот аргумент што многу оди во негова корист е што месото е вкусно.

Мозок не е проблем, мозок нема

Случајот на еден Французин скоро една деценија ги фрла во депресија научниците кои беа уверени дека нешто знаат за биолошката основа на човековата свест. Имено, нему му недостасуваат 90% од мозокот и живее нормален живот. А не е пратеник. Добро де, работи во администрација.

Не пошто, туку колку е килото?

Научниците се согласни дека е време да редефинираме колку е еден килограм. Оној еталон кој се чува во во Франција и кој служи за баждарење на килограмот во целиот свет наскоро ќе види што е живот надвор од стаклените ѕвона.

40% џабе се мачкате

И во земји со поразвиена контрола на квалитетот на производите и заштита на потрошувачите од кај нас, речиси половина од средствата кои би требало да штитат од сонце - не вршат работа.

Брат му на Пабло бара претпремиера на Наркос

Роберто Ескобар, братот на Пабло испратил "формално" и "пријателско" барање до Нетфликс да му дозволат да ја прегледа втората сезона на Наркос пред нејзината премиера во септември.

Батали мултитаскинг, гледај си работа

Привидот е дека правиш мултитаскинг, додека во пракса ти не вршиш повеќе од една работа во исто време туку само брзо се префрлаш од една на друга, и баш ова префрлањето е тоа што те истоштува.

Не, Русинките нема да можат слободно да го убијат својот силувач

Не само што не е усвоен, туку ваков предлог се нема ни појавено во Думата, заради што не ни можел да биде разгледуван, а не па усвоен.

Некој ги живее вашите соништа

Чисто филозофска дилема, ако двајца работници 15 години не се појават на работа, а земаат плата, кој е крив? Работниците што 15 години не доаѓале на работа, или сите останати што 15 години не забележале дека овие не доаѓаат на работа, а земаат плата? Чисто правно двајцата се отпуштени.

Живот во време на константни лоши вести

Ако си на интернет си под бараж од лоши вести за нешто што се случило или нешто што може да се случи. Ако не си на интернет тогаш се изолираш од најголемиот извор на информации во историјата и не си сведок на најголемите промени на времето во кое живееш.

Да зборуваме за путерот

Пред да почнеме да зборуваме за путерот, да зборуваме за маргаринот - под итно фрлете го. Сега кога сме останати на путер, време е да се помириме со него.

Теретаните ќе изгубат од инструкторите

Последниот тренд во оваа - за нас доста непозната - област е дека луѓето сè помалку ги занимаат пространи сали со скапа и софистицирана опрема за вежбање а сè повеќе експерти кои ќе им покажат како треба да се вежба. И ќе си мислат дека еден ден ќе изгледаат како нив.

Не, апчињата немаат очи

Конечно некој да има каже доста на оние манипулативни реклами кои сугерираат една илузија дека нивниот лек точно да знае каде да отиде во телото и таму на лице место да го среди проблемот.

Од каде му е знаењето на Исланд?

Бројката која е на добар пат да стане еден од најзапаметените факти од Еуро 2016, е дека околу 10% од вкупната популација на Исланд моментално се наоѓа во Франција, и навива за својата репрезентација. Она што чуди е како овој изолиран остров, кој по октомври е достапен само со авион, стана толку добар во фудбал?