Живот и забава

Зошто витамините и суплементите може да содржат сешто

Шесте последни шефови на неприкосновениот американски авторитет за храна и лекови се собрале на едно место да се пожалат како не успеале да ја гарантираат сигурноста и доверливоста на она што луѓето го внесуваат во своите тела.

Колку се навистина стари нашите тела?

Добра вест: голем број органи во нашите тела се самообновлив материјал. Лоша вест: некои од нив не се менуваат цел живот.

Почина големиот човек Бад Спенсер

Во 86-тата година од животот во непознат правец одјава Бад Спенсер, посилната половина од популарното филмско дуо од шпагети вестерните и акционите комедии од 70-тите години. Бад Спенсер зборуваше кратко а се тепаше уште пократко.

Таблоидите го возвраќаат ударот

Британските печатени медиуми во веројатно најлош можен момент за ЕУ ја демонстрираа својата релевантност меѓу гласачите, доволно поттурнувајќи го јавното мислење за резултатите од референдумот да бидат напуштање на Унијата.

Прашај ме колку е саат

На човечката потреба да се курчи со работи кои не може да си ги дозволи често одлично се заработува. На овој бизнис со рентање луксузни часовници инвеститори типувале со осум милиони долари.

Изгубени сме ако го изгубиме хуморот

Ерик Јаросински а.к.а. @NeinQuarterly е "'пропаднатиот интелектуалец' - универзитетскиот професор, кој стана славен откако ја напушти својата кариера и почна да твита за своите академски фрустрации".

Воркрафт не пропадна, туку комплетно го измени блокбастерот

Откако по првиот викенд во кината низ САД заработија само 24 милиони долари, на филм што чинеше 160 милиони долари, чинот на колективно самозапалување на продуцентите на Воркрафт беше спречен благодарејќи на извештајот од кино-благајните во Кина - 156 милиони долари за еден викенд.

Една ко ниедна, две ко пет

Британски милионер муслиман има отворено дејтинг сајт кој на мажи им помага да ја најдат својата втора или трета жена. Се регистрирале над 35.000 Британци. 

Разводот од 14 милијарди долари

Технички, парите ги има заработено Владимир Потанин, еден од најбогатите Руси. Технички, Владимир, нема никаков предбрачен договор со неговата прва сопруга Наталија Потанина. Технички, на Наталија и следуваат пола од парите.

Еволуција на вонредна вест

Њујорк тајмс составува еден гиф од тоа како веста за масакрот во Орландо се развиваше на насловната на нивниот сајт.

Кенија, сè како што не треба

Африканската земја имаше шанса малку да глуми нормалност и да ја укине мерката која на властите им дозволува да им прават анални проверки на мажите за да утврдат дали тие се геј или не. Ама не, кенискиот суд одлучи дека проверките не се ни тортура, ни деградирање.

Сведоштвото на жената што се откажа од телевизија, цел месец

Едни статистики покажуваат дека Американците во просек гледаат 2,8 часа телевизија на ден, други дека бројката е некаде околу 4 часа и 15 минути. Без разлика кој е во право Стефани Воца од Фаст Компани (и сопругот) решаваат да пробаат цел месец да не гледаат телевизија (вклучително Нетфликс, или преноси во живо).

Орландо, каков што и Америка не го познава

За градот, неговите луѓе и раководството кои правеа сè како што треба сè додека не се појави еден вооружен лудак чиј масакр преку ноќ го ребрендираше градот. 

Клептон едвај свири гитара

Заради невролошки проблеми, 71 годишниот Ерик Клептон води вистинска битка со себе секогаш кога зема гитара в раце. Но, јасно му е дека на толку дроги и алкохол во животот, добро е што е жив.

Бунт против "велосипедските талибанци"

Лондонски возачи на автомобили од сите религии и раси започнаа протест против планот од 38 милиони евра кој сериозно ќе ја подобри велосипедската инфраструктура во градот, на сметка на постојната автомобилска инфраструктура.

Крајот на точката

На завршетоците на речениците денес често им фали точка, што е намерно така, за тие да останат отворени за додаток, одговор или за молк. Одбегнуваме да стиснеме точка секогаш кога е можно, бидејќи точките не само што ѝ ставаат крај на реченицата, туку тие имаат и значење.

Илон Маск почна во детали да збори за одењето на Марс

Уште откако Илон Маск пред 14 години основа стартап-вселенска компанија, целта секогаш е иста: воспоставување колонија на Марс. Сега тој конечно почнува да открива како планира да отиде таму.

Зошто никој нема да ги памти Џон Ленон или Квин за 50 години

Теоријата е на Чак Клостерман, човек кој направи кариера од пишување за рок музика (и останати теми од поп културата), и според неа рокот ќе биде запаметен само преку еден единствен лик: Чак Бери.

Срце ми је камен

За тоа колку американската нација е бизарно навлечена на секакви лекарства говори последната секирација на надлежните државни власти: предозирање со средства против дијареа.

Don't you 113 me

Четири новоткриени елементи од Периодниот систем кои досега беа со oзначувани со бројки добија предлог имиња кои се ставени на јавна дебата во следниве 5 месеци. Само ние си останавме БЈРМ.

Колку книги толку плата

Економистите пресметале дека барем кај мажите, пристапот до поголем број книги на мала возраст директно кореспондира со повисоката заработувачка во текот на животот.

Што ги натера македонските желки да станат геј?

Француски научници го избираат Голем Град во Преспанското езеро како совршено место за тестирање на својата заинтересираност околу геј животни, кои иако се релативно честа појава, и понатаму не им држи еволуциската логика.

Разговор со една од најдобро платените ескорти во Сан Франциско

Се води како Ава Хадсон, и е млада, бела и со високо образование, три референци кои и дозволуваат своите услуги да ги наплаќа по повисоки цени од останатите, почнувајќи од 600 долари за "коктел" до 10.000 долари за викенд дружење.