Итали отвора "Дизниленд" за храна

Замислата на Итали (во оригинал Eataly, игра со зборот Italy) е тоа да биде дел забавен парк, дел учење преку забава, дел манџа. Локацијата на паркот е Болоња, а отворањето е во септември 2017.

Паркот ќе биде на површина од околу 80 илјади метри квадратни, и ќе вклучува овоштарници, пасишта и градини, како и 25 ресторани и 40 работилници, во кои посетителите ќе можат да уживаат во домашно направено - сè!

Освен овоштарници, насади на маслинки и бавчи со зеленчук, на пасиштата во паркот ќе има 9 различни видови говеда, пет видови овци, неколку видови кози, зајаци, гуски и кокошки. Во работилниците ќе се произведува паста, сосови, сирења, пиво и вино, со можност за демонстрација.

Делумно во лежерното чувство треба да помогне и производителот на велосипеди Бјанки, кој треба да ги снабди велосипедите со кои посетителите ќе можат да се возакаат низ паркот. Велосипедите ќе бидат посебен модел, адаптиран со поголема корпа за да може да се тера и шопинг со нив.

Изградбата на паркот се треба да чини 106 милиони долари. За 2018, вон овој буџет се очекува да почне изградба на хотел.

 

18 февруари 2017 - 16:40