Компанијата со околу 40 вработени претходно тестира различни организациски структури, вклучувајќи ја праксата да имаат само еден директор на кој сите вработени му се обраќаат. По ова се обидуваат со нов директор секоја година, избран со гласање од вработените. На крај решаваат да не губат време со каков било директор.
Вработените увиделе дека добар дел од работните задачи на ЦЕО-то се поклопуваат со должностите на бордот (чие постоење е задолжително со закон), додека обврските што не се преклопуваат може да бидат споделени меѓу останатите вработени.
Компанијата два до три пати годишно држи 4-дневни состаноци, на кои присуствуваат сите вработени и се носат одлуки кои се однесуваат на сите, како селење на канцелариите и слично. Се останато што не можат да го разрешат вработените, паѓа на грб на бордот, кој го има последниот збор.
Еден од аргументите за укинување на шефовите и директорите е дека без нив, односно без потребата да го прашуваш надредениот за некаква дозвола, компанијата може побрзо да реагира и да ги завршува работите.
Она што потенцираат од таму е дека ова не значи дека секој прави што сака, на своја рака, без комуникација со колегите.
А што во случај ако остатокот од персоналот мисли дека еден вработен направил голема грешка?
"Барем си го направил она што си мислел дека било правилно во моментот - и потоа може да дискутираме за тоа. Можеш да објасниш зошто тогаш си мислел дека тоа е правилно, и може и останатите да го прифатат твојот став и да почнат да размислуваат како тебе," објаснува еден од програмерите во компанијата.