Живот и забава

Уставот е кауч од кој не сме го симнале најлонот

Теофил Панчиќ во Белград го начекува Анте Tомиќ, еден од најчитаните хрватски колумнисти и автор на книги кои се одликуваат со "хумор зачинет со иронија, јазик кој мириса на убаво, филмски опипливи ликови и дејствија, жанровска разновидност и отвореност во ставот".

Дома е кај што ти е тесно

Американците живеат во сè поголеми куќи. Денешната просечна куќа во која живее Американецот е за 61% поголема отколку пред 4 децении.

Не секој монструм е луд

Научна студија произведе нов термин кој објаснува како е можно луѓе да сторат ужасни злостори и масакри а притоа да не се ментално болни.

Крафтверк: We are the Losers

Драгите старки од Крафтверк речиси 20 години се тегнеле по судови барајќи отштета за банален и краток семпл кој го искористила една раперка. Изгубија.

Иконичната слика на Авганистанката е фотошопирана

Стив МекКари, славниот фотограф на Магнум и редовен соработник на Нaционална Географија, неодамна призна дека користел Фотошоп за визуелна манипулација на дел од неговите фотографии. За многумина ова е етичката црвена линија во фото-репортерството, која не смее да се премине.

Зошто докторите се толку навлечени на вага?

Анализа во која се мерат шест здравствени индикатори (притисок, шеќер, отпорност на инсулин, холестерол, триглицериди и ЦРП) покажува дека 27% од предебелите и 47% од дебелите луѓе се здрави. Во исто време 30% од луѓето со нормална тежина се пред ризик од дијабетес и срцеви заболувања.

Индустриска зона - Вселена

Се работи за заштита на животната средина и за искористеност на соларната енергија, и двете би имале многу поголем успех кога целата тешка индустрија би се преселила во вселената, тврди Џеф Безос.

Народот и партиските раководства се на две различни страни

"Милиони Американци се многу, многу гневни. Работат по 2-3 работи, се секираат за иднината на своите деца и потоа ќе погледнат раководствата на двете партии и таму не гледаат луѓе на кои им се битни нивните проблеми", вели Берни  Сандерс во интересното мега-интервју за Ролинг Стоун (во едно парче, не во милијарда продолжетоци).

Зошто витаминот Д е блокбастер меѓу суплементите?

Иако е еден од ретките витамини кои нашето тело само ги произведува (само ставете се на сонце), витаминот Д по продажба ги надмина сите други додатоци.

Како лажните вести им се протнуваат на медиумите

Откако една серија твитови стана вест во повеќе меѓународни медиуми за потоа самиот твитерџија да признае дека приказната е лабаво базирана на вистина, Гардијан разгледува како "во трката по сообраќај кликовите се главни - дури и ако фактите не одговараат."

Човековото право да се живее како куче

Нов документарец открива супкултура на луѓе кои сакаат да глумат кученца. Иако ова има и сексуална конотација, многу повеќе се работи за игра која некои луѓе ги прави среќни. Како ќе ги познаете? Весело мавтаат со опашките кога ги чешкате зад увцињата.

Кој денес одредува што е порнографија?

За жал, Фејсбук. Некогаш за ова прашање решаваа мудри и искусни судии со такт и чувство за контроверзни теми, денес пресекува некој аутсорсинг работник од Филипините.

Европа: Нетфликс мора да пушта наши филмови

Европските каталози на дигиталните платфотми како што се Нетфликс и Амазон ќе мора да имаат минимум 20% содржина од европско производство, реши Европската комисија.

Кога народ знае што сака

Околу 84% од Американците инсистираат храната да има задолжителни етикети дека содржи ГМО, бројка која плус-минус некој процент ја потврдуваат и останатите анкети. Кога сме кај бројноста, во истите анкети 80% од Американците бараат и етикети дека храната содржи - ДНК.

Нема ништо магично околу појадокот

Делумно затоа што твоите, заради лична агенда "нека јаде, па нека оди кај сака", цел живот ти го форсирале појадокот, делумно затоа што имаш грижа на совест што секое сабајле доручкуваш шолја кафе, секој прекор околу пропуштениот појадок некако лесно успева да ни се ембедира во секојдневното размислување како сериозна фалинка на нашиот начин на живот.

Путуј Бата, да се не љубимо

Уште на свои 15 години, како сценски работник во театар, Велимир Бата Живојиновиќ сфаќа дека е полесно да се глуми отколку да се носат талпи. Го засакува цела Југославија, цела Кина и цел Тито. Со леснотија успева да изигра преку 300 филма.

Се создава класа од бескорисни луѓе

Во иднина луѓето ќе пијат апови кои ги прават среќни и на глава ќе носат кациги за виртуелна реалност. Што е, нели, многу различно од денешниот модел кога по цел ден висат на Фејсбук и се палат на чудотворни лекови кои лечат и од смрт.

Кој ја сака сестрата на шефот?

Сестрата е 29-годишната Ким Јо-Џонг, шефот е 33 годишниот семоќен господар на Северна Кореја Ким Јонг-Ун, кој тргнувајќи од старата корејска поговорка "после 30 ни ѓаволот нема да те омажи" реши да организира натпревар за избор на зет.

Лени Кравиц: Моите 5 омилени песни од Принц

Лени Кравиц го засакува Принц на прво слушање, кога уште е средношколец. Подоцна овој му станува ментор. "Со него умре и дел од мене," кажа Кравиц.

Французите им се навртеа на Иглс оф дед метал

Два големи француски рок фестивали ги шутнаа Илгс оф дед метал од својот распоред, откако фронтменот на бендот пред некое време повторно се отвори околу случувањата за време на масакрот во Париз.

Отчет за "додаден шеќер"

Американската таблица со "Прехранбени факти" која е задолжителна на секоја можна пакувана храна што се продава и произведува во земјата, ќе добие редизајн кој ќе треба да биде воведен до јули 2018-та. Една од најголемите промени во редизајнот - колку шеќер има додадено во производот.

Како да не се здебелите за викенд

Дивеењето за време на викенд може да збрише цела недела вежбање. Еве неколку финти, со помош на кои ќе можете да забавувате како рок ѕвезда, а да се чувствувате здраво во понеделник.

Рејџ + Паблик Енеми + Сајпрес Хил

Сите членови на Рејџ Агенст Д Машин освен Зак де ла Роча, плус Чак Ди од Паблик Енеми и Би-Риал од Сајпрес Хил, се собираат и формираат нова супергрупа.

Кинески младенци на својата прва уставна ноќ

Тазе венчана двојка од Кина ја минале нивната прва брачна ноќ препишувајќи го уставот на нивната држава. Word count: 17.000 зборови. Цел: да ја помогнат националната кампања за подигнување на свеста за вредностите на кинескиот систем.