Анализа на 10.000 научни студии

Марихуаната е корисна во само три случаи

16 држави низ светот и половина од американските сојузни држави го дозволуваат користењето на марихуаната во медицински цели. Сепак од стотици наводни медицински придобивки, само за три постојат конкретни научни докази.

Заклучокот се базира на извештај од 400 страни изработен од Американските национални академии за наука, инженерство и медицина, и во него се анализирани над 10.000 научни статии.

"Една од главните предности на вакви обемни анализи е што тие ја ставаат во контекст тежината на доказите околу големиот број тврдења што се прават во име на канабисот," пишува Ашкат Рати во текстот за Кварц.

Силни докази за медицинска корист од употреба на марихуана има за тоа дека:

- Помага во смирување на хронична болка кај возрасни.

- Ги олеснува мачнината и повраќањето предизвикани од хемотерапија.

- Олеснува некои од симптомите на мултиплекс склероза.


Умерени докази има за тоа дека:

- Олеснување на проблемите со спиењето предизвикани од хронична болка, мултиплекс склероза и фибромијалгија.

- Не го зголемува ризикот од рак.


Нема воопшто докази или се ограничени:

- Помага во губењето апетит поврзан со ХИВ/СИДА.

- Ги олеснува симптомите на напнатост, пост-трауматски стрес, Туретов синдром, деменција, депресија, сите видови рак, епилепсија, Паркинсон и шизофренија.

Анализата ја проверува и другата страна на испитувањата на дејството на марихуаната, оние во кои се наведуваат ризиците од нејзиното користење.

Кај ризиците силни докази има за тоа дека:

- Ги влошува респираторните проблеми, како епизоди на хроничен бронхитис.

- Влијае на сообраќајните несреќи.

- Раѓање бебиња со ниска килажа.

- Шизофренија или друга психоза.


Умерени за:

- Повреди како респираторни болести, меѓу деца кои пушат канабис.

- Пречки при учење, меморија и внимание.

- Депресија, општествена анксиозност и биполарни епизоди кај луѓе дијагностицирани со биполарност.

- Зголемена зависност од алкохол, тутун и останатите дроги.


Нема воопшто докази или се ограничени:

- Полоши академски резултати, образование или социјализација.

- Срцев напад, мозочен удар, дијабетес, анксиозност и биполарни епизоди кај луѓе кои не се дијагностицирани со биполарност.

- Асма и останати хронични пулмонални болести.

- Смрт од предозирање.

19 јануари 2017 - 14:05