Живот и забава

BBC ги трга рецептите од сајт

Заради потребата од финансиска диета и желбата да се врати на својот стар карактер, Би Би Си реши да го ослаби веб сајтот. Меѓу другото, од таму ќе бидат тргнати 11.000 бесплатни онлајн рецепти за храна.

Како сè умираат луѓе на работа

Дневно во САД во просек умираат 13 луѓе од повреди здобиени на работа. Во рок од 8 часа секој од овие случаи мора да биде пријавена до Департманот за труд. Според нив, во изминатите 40 години над 14.000 работници годишно загинуваат на работно место.

Основи на сексот, за мигранти

Со карактеристично Дата ниво на социјална интелигенција, германската влада ја пушти веб страната со технички упатства за дојденците од Блискиот исток за тоа што е дозволено, а што не во сексот во германската култура.

Заобиколувајте ги оние тајфуни што сушат раце

Досега човештвото не покажало потреба па затоа и не бил измислен апарат за распрснување бактерии и вуруси. Но, модерните тајфуни за сушење раце од јавните вецеа прилично добро ја обавуваат таа функција.

Смутијата не се толку добри за тебе како што ти мислиш

Една од оние Драга Савета секциите, само што е во Њујорк Тајмс а од другата страна не е Савета, туку една од уредничките за здравје на весникот. Прашањето е одлично и ретко кој си го поставува кога трга во походот по здрав живот.

Не беше Платон толку голем, само прв се роди

На античка Грција ѝ се случува брилијантниот филозофски трилинг Платон, Аристотел, Сократ. Не е тоа последен пат вонсериски ликови да се најдат во исто време и на исто место: во предвоено Сараево се собираат мангупите од 'Топ листа надреалиста', малиот Сплит ги дава маестралните Фераловци...во Скопје се среќаваат Владо Јаневски и Роберт Саздов.

Го заслужувате Трамп

Интересно е што комичарите ќе кажат некоја шега и ќе завршуваат во проблеми; Доналд Трамп кажува ужасни работи, што навистина ги мисли, и он заврши со номинација.

Вечерно за родители што се противат на вакцинирање

Сите родители што ќе сакаат нивните деца да бидат исклучени од задолжителната имунизација ќе треба прво да минат научен курс на тема вакцинација, па потоа може да прават како сметаат со здравјето на своите деца.

Цената на евтиното пилешко

Она што не го пишува на ниту една етикета на пилешко месо се некои клучни информации за условите во кои работат луѓето што помогнале месото да заврши во супермаркет или ресторан. На пример информација од типот дека работниците додека се во погон носат пелени.

Карбонарагејт, паста скандалот за кој Европа најде време

Додека цела планета врие и не знаеш кој пожар попрво да го гасиш, Французите и Италијанците во крајно аристократски манир одлучија да се спукаат околу рецепт за шпагети, конкретно карбонара.

Цената на емоциите

Човекот со децении страдал од Аспергеровиот синдром. Пробува еден експериментален метод и конечно може да почувствува емоции. Не е сè така сјајно во тоа: се разведува.

На диета не се губат килограми

Проблемот не е во немањето челична воља туку во неврологијата, однoсно начинот на кој мозокот им контрира на нашите желби. Нo, има и добри вести за дебелината. 

Како фармацијата легално продава хероин

Новинарска истрага на Лос Ангелес Тајмс откри дека фармацевтската компанија која го прави еден од најпопуларните лекови против болка во САД знаела дека тој предизвикува зависност. Па сепак решила упорно да го бутка. Зошто? Затоа што дур ги фатија, поминаа 20 години, тие направија милијарди а сега веројатно ќе бидат подготвени ако треба и да платат некоја "великодушна" отштета.

Сефтето на Аксл Роуз со AC/DC

Да не им успееше ова, бендот ќе требаше на бајачка да оди.

Колку подолго пишувате, толку коментарите ви стануваат поглупи

Колку и да е вистина дека има коментари кои се толку вонсериски идиотски да не може да им се прости а желбата да се докаже тоа човечка и разбирлива, трошењето часови и часови на објаснување нема да ви помогне да размислувате појасно и попрецизно.

Клучот за среќен брак е одвоен живот

Има многу двојки кои спијат во одделни соби но оваа отишла чекор понатаму па мажот и жената си живеат среќно во - различни куќи.

Шинед и Арсенио ќе се судат околу Принц

Ирската пејачка го обвини Арсенио Хол дека му бил главен набавувач на тешки дроги на неодамна починатиот Принц. Овој ѝ возврати со тужба од 5 милиони долари.

Џон Стујарт нема да издржи да не се врати на ТВ

Пензионираниот водител најверојатно ќе се врати службено на телевизија таман околу ноемвриските претседателски избори во САД, ако го прашуваш првиот човек на ХБО.

Зошто Хималајската сол е фрлање пари

Околу производот има една одлично скокцкана приказна која беспоштедно ја помага неговата продажбата и прави луѓе добро да се чувствуваат околу тоа што плаќаат неколку пати повисока цена.

Сè можевме ние, подолг да беше денот

За генерациите растени на Азра, Шарло или Булдожер, музиката на Јадранка Стојаковиќ повлекуваше едно прашање: "Како можат луѓе ова да слушаат?" Пар децении подоцна, истите генерации почнаа да се прашуваат: "Како можевме да бидеме толку глуви за ова на времето?" Јадранка Стојаковиќ почина на 66 години од животот во старечки дом во Босна.

Рејдиохед се избришаа од интернет

Пичфорк пренесува дека твитовите и Фејсбук постовите на бендот почнаа да исчезнуваат од интернет, исто како и нивните профилни слики и содржините од нивната веб-страна.

Отворен сефот на Принс со музика за еден век

ЕјБиСи њуз објавува дека во само што отворениот сеф на Принс било откриено доволно музика за да се објавува нов албум секоја година во следните 100 години.

Вера на празно конто не влегува

Русинка успева да измами купувачи на станови за вкупно 2 милиони долари, не ги зема парите за себе, не и се за на доктор, туку за црквата и требаат. Скиентолошката црква.

Не се сите исти

Ако мислите дека сите се исти и сите подеднакво штетни за вас - размислете повторно. Ако еден од нив веќе не ја оштетил таа функција на мозокот.