Интернетот помогна да се рашири недовербата и да се зголеми бројот на оние луѓе кои веќе не користат шампон за миење коса. Ова практично прераснува во движење кое добива различни форми а зад ваквиот чекор стојат различни мотивации.
Генералната линија на размислување е дека шампоните се комплетно непотребно и всушност нè фрлаат во еден лошо затворен круг: шампонот ја соголува косата од нејзините природни масла на што телото реагира со поголемо производство на истите, што пак луѓето го решаваат со уште почесто миење со шампон....
Наоколу ќе најдете бројни примери на луѓе кои со месеци и години престанале да користат шампон а резултатот им е сјајно и меко влакно. Во таа цел најчесто се користи сода бикарбона и некој мек оцет, јаболков или вински....
Компанијата Нилсен констатираше дека движењето "без шампон" почнува да им задава сериозна мака на производителите кои годинава, само во Велика Британија забележале минус од 27 милиони фунти на оваа ставка.
И истражувањата велат дека намаленото користење на шампонот, во еден дел се должи на ваквото движење. Дел од причините лежат и фактот дека сè повеќе луѓе работат од дома или дека забраната за пушење во јавни простории помогнала во хигиената а некогаш има нешто и во мрзата маскирана со феминистичкиот наратив "доста ни е да се дотеруваме за тоа свињите," ама тоа е приказна со која ние не би си ги мрселе рацете.