На Твитер ги заследува сите 944 сметки што ги следи Мајкл Флин помладиот, син на најверојатниот советник на Трамп за национална безбедност, инаку лик кој верува во Пицагејт. Анализирајќи ја сметката на Флин, новинарот забележува дека кога доаѓа на Твитер пред неколку години Флин има традиционално конзервативни ставови, следејќи ги Раш Лимбо и Херитиџ Фондацијата. Меѓутоа со тек на време тој почнува да прибира се повеќе корисници кои речиси ексклузивно се поврзуваат со Доналд Трамп или алт-десницата, или и двете.
Како што тргнува со експериментот Зилен-Вуд почнува да ги игнорира меинстрим медиумите и на своите вистински профили по социјалните мрежи.
Една од водечките лажни вести што преовладуваат на Твитерот на Зилен Вуд е Пицагејт:
Теоријата е дека Џон Подеста, помошникот на Хилари, раководи педофилска организација преку пицерија во Вашингтон. Целата приказна толку се разви во алтернативниот дел од интернетот, што на 4-ти декември маж влезе во пицеријата и испука неколку куршуми во обид да ги спаси децата од педофили. Додека сите медиуми го разнебитуваа заговорот, и секој се дистанцираше од него, Мајкл Флин помладиот на Твитер напиша "Додека Пицагејт не се покаже дека е неточна, таа ќе остане како сторија. Левицата мисли дека сме ги заборавиле мејловите на Подеста и многуте коинциденции поврзани со нив." Во рок од неколку дена тој беше ослободен од должностите во тимот на Трамп.
Само неколку дена откако Зилен-Вуд го поставува својот профил, еден од предводниците на алт-десницата Мајк Цернович (183.000 следбеници на Твитер) започна Твитер бараж во кој тврди дека либералниот магазин Салон е дел "од механизам за перење пари за педофили". Тој објавува и неколку фотографии од статии објавени на сајтови како "Јас сум педофил, ама не сум чудовиште", на кои се базираат неговите ставови за Салон.
Цернович ретвитува и пост од блогер по име Арон Кесел, објавен на wearechange.org, во кој Цернович добива пофалби за тоа што ја открил "валканата тајна на Салон". Кесел во текстот поврзува точки меѓу статии во Салон и Пицагејт, притоа надополнувајќи со неизбежната потрага по педофилска иконографија.
Преку едно Јутјуб видео што го објавува Кесел, Зилен-Вуд дознава за Дејвид Симан "кој е станат водечки авторитет за Пицагејт". Во видеото се спомнува водителот на Сиенен Џејк Тапер, кој преку ДМ на Твитер му порачува на Флин помладиот да престане со глупостите. Симен објаснува дека интересот на Трапер да ја замолчи веста само ја зголемило неговата заинтересираност за истата. Во комбинација со ова одлично влегува и претходната информација дека Тапер го има во мејловите на Подеста, а завршен доказ е интервју во кое сопругата на Тапер кажува дека Комета Пинг-понг (спорната пицерија) е еден од нејзините омилени ресторани каде што ги носи своите деца.
"Дали имаш нешто што сакаш да ни кажеш Џек," прашува Симан во видеото.
Видеото има 239.000 прегледи.
Има уште четири вакви теми, тие се тука.
"Севкупно има многу докази дека лажните вести имаат отровно влијание врз симпатизерите на Доналд Трамп. Меѓутоа не сум многу сигурен дека ова многу ќе се промени ако тинејџерите во Скопје престанат и ги затворат своите лажни сајтови. Социјалните медиуми ќе продолжат да ја вршат дистрибуцијата на одвратни мемиња и да им се закануваат на дисиденти. Тие што веруваат во овие вести ќе продолжат да ги шират сите информации за кои тие мислат дека се некаков доказ, а притоа ќе ги игнорираат сите што покажуваат дека тоа не е точно. Меѓутоа има разлика меѓу носење политички ролетни, како што сите ние го правиме тоа, и активно поддржување на лудите невистини произведени со цел правење пари. Трагичната иронија на новата лековерност е што таа страшно ја пренагласува племенската припадност и недовербата која на прво место натера толку верници во лажни вести да се кренат против политичари и новинари на 'естаблишментот'," пишува Зилен-Вуд.