Истражувачите класифицирале нов орган во човечкото тело, сместен во дигестивниот тракт. Неговата функција сè уште слабо се познава а некои дури сметаат и дека тој орган би можел да биде клучен за подобро разбирање и лекување на абдоминалните болести.
Се вика мезентериј, неговото постоење е познато уште од времето на Да Винчи но досега бил погрешно препознаван, и по структура и по значење па главните учебници по анатомија сега се редактирани за да биде класифициран и попрецизно опишан.
За новото сознание заслужен е истражувачот Калвин Кофи кој доаѓа до него пред 4 години со помош на микроскопски прегледи а биле потребни уште 4 години собирање докази дека тој заслужува да биде класификуван како посебен орган.
"Сега ја воспоставивме анатомијата и структура рата, следен чекор е функцијата. Ако ја разберете функцијата, можете да препознаете абнормално однесување а тогаш имате болест. Ставите ги болестите заедно и добивате поле на мезентеријална наука.... основа за целосно ново подрачје во медицината", вели тој.