Варијациите на брендот се Dry January, Dryuary, или Drynuary, и кај сите важи истото правило: во првиот месец од годината нема пиење никаков алкохол.
На здравствено ниво проблемот е што нема конкретни докази дека инстантното прекинување со пиење алкохол воопшто е здрава одлука. Според Иан Хамилтон од одделот за здравје на Универзитетот Јорк "подобро е да имаш два дена неделно во кои не пиеш алкохол, отколку цел месец апстиненција." Иако има одредени докази дека откажувањето од алкохол дури и на краток рок може да ја намали опасноста од оштетување на црниот дроб, нема никакви показатели дека Сув јануари има какви било долгорочни позитивни ефекти - посебно ако по крајот на месецот учесниците се вратат на старите навики.
На многу поплитко ниво предизвикот не е добар затоа што луѓето кои се вклучуваат во Сув јануари, обично почнуваат за ова масовно да ја дават околината по социјални медиуми (слично на вегани или луѓе што вежбаат кросфит).
"Сув јануари не е за луѓето кои сакаат да го подобрат својот живот. Туку за луѓето кои сакаат јавно да го подобрат својот живот, и неизбежно да ги посрамат сите оние што продолжуваат да си допуштаат полу-редовна чаша вино," пишува Кејт Тејлор во Бизнис Инсајдер.