Причината зошто СЗО има одредено горни граници за внес на шеќер е затоа што тој го оштетува мозокот и црниот дроб на децата, "исто како и алкохолот". Нутриционистички алкохолот дава калории на организмот (7 калории на еден гр. алкохол), ама не и хранливи материи, плус не постои биохемиска реакција која има потреба од него.
Кога се пие хронично и во големи дози алкохолот е токсичен, а кај одредени луѓе создава и зависност. Без разлика што ова не е задолжителна последица тој е забранет за деца.
"Шеќерот е составен од две молекули: гликоза и фруктоза. Фруктозата, иако е извор на енергија (4 калории по грам), е непотребна за луѓе; пак, нема никаква биохемиска реакција што има потреба од него. Меѓутоа фруктозата се метаболизира во црниот дроб на ист начин како и алкохолот. И токму затоа кога таа се консумира хронично и во големи количини, фруктозата е слично токсична и создава зависност.
Токму затоа нашите деца сега страдаат од болести поврзани со алкохол (дијабетес тип 2, замастен црн дроб), без воопшто да пијат алкохол. Затоа што шеќерот е 'алкохол за деца'. Слично како и алкохолот, зашеќерените пијалоци се поврзуваат со проблеми во однесувањето на децата," пишува во текстот за Гардијан педијатарот од Универзитетот Калифорнија, Роберт Лустиг.
Како пример за тоа како децата несвесно се крмат со шеќер тој го наведува јогуртот од калинка. Додека регуларниот јогурт содржи 7 грама шеќер од лактоза (кој не е проблем), едно пакување од конкретниот јогурт има 19 грама шеќер, од кои 12 грама се додадени во тек на производство.
Еден од главните трикови на прехранбената индустрија е маскирањето на шеќерот во нивните производи. Ова им успева затоа што постојат 56 различни имиња за шеќер, "па избирајќи поинакво име за петата, шестата, седмата или осмата состојка" шеќерот брзо ја губи својата доминантна позиција и видливост во храната.
Меѓу останатите "стапици" се корнфлексот кој најчесто во една порција содржи повеќе од половина од потребната дневна доза шеќер, или храната за бебиња кај која во последното истражување на Центарот за контрола на болести се покажа дека околу 32% од производите од оваа група содржат додаден шеќер, и дека 35% од нивните калории доѓаат од шеќер.