Ок, ама затоа сè друго им беше за век и веков (амин) а самиот албум остана еден од најопасните деби албуми на сите времиња кој на многу генерации им ја скрши илузијата дека живеат во најдобриот од сите можни светови.
The Doors го имаа најнекреативниот тапанар на сите времиња Џон Денсмор, но и извонредниот гитарист Роби Кригер, на органа им свиреше Бах тоест Реј Манзарек, најзаслужниот за нивниот музички профил, а фронтот го бранеше Џим Морисон со својата вродена ерос-танатос тензија којa потсетува на производ на Дилан Томас (“Do Not Go Gentle into that Good Night”, препев на македонски тука) и Џемс Дин од "Бунтовникот без причина", a неговата загадочна мешавина од црна поетика и лична трагика, која се навестуваше во гласот и настапите, не остава рамнодушни зад себе.
Албумот го отвораат со бескомпромисната “Break On Through (To The Other Side)” која комплетно ја доловува нивниот "take no prisoners" пристап кон музиката.
Со втората песна (Soul Kitchen) секој е веќе убеден дека ова не е шала и дека нешто заебано се случува зад тие врати:
Го пуштаат и мастрафот од кој подоцна ќе ја направат LA Woman, песната “Twentieth Century Fox”
Декадентната и налудничава преработка “Alabama Song (Whisky Bar)”, оригинално напишана од Бертолд Брехт и Курт Веил.
“Light My Fire” е нивниот прв и најуспешен сингл, исплетен од фугите на Манзарек, гитарата на Роби и гласот на психоделичниот Френк Синатра.
Имаат и преработка на Хаулин Волф и Вили Диксон (Back Door Man), како и "I looked at you" која има спот од кој може да се долови еуфоријата:
Албумот го затвора The End, психоделична елегија изградена врз еден од најсуштинските антички митови.