На 4 јануари 1967 година Дорс го објавуваат својот деби албум, именуван едноставно како и групата. Немаа баш многу среќа тие сo имиња, инаку како би се викале The Doors? Замислете го Морисон - најкреативниот меѓу нив - како еден ден им доаѓа и им вика: - Смислив име за групата! - Како? - Ќе се викаме Вратите! - Алал вера бе Џиме, како ти текнува!
Деби албумот на Дорс од 1967, OK Computer на Рејдиохед од 1997, историски снимки со музика од светскиот саем во Чикаго од 1893, се меѓу овогодинешниот избор на Конгресната библиотека, како нови архивски единици во нејзината голема звучна збирка.
Вчерашната вест за смртта на клавијатуристот и со-основач на Дорс, разжалости многумина. Но што всушност работел тој сите тие 40 години по распадот на групата? Еве некои од неговите проекти, кои главно останале во сферата на експерименталното и не го добиле заслуженото внимание.