Оваа институција од 2000-та бира годишно по 25 „културно, историски или естетски значајни снимки", за да ги додаде во нејзината збирка. Нејзината цел е да содржи зборови, звуци и музика кои „го отелотворуваат она што се Американците како народ". Рејдиохед додуша се британски бренд, но тој влегол во конкуренција заради големата популарност во САД и бројните јавни номинации за архивирање на музиката на овој бенд.
Кураторот на збирката, Мат Бартон, изјавил дека рок музиката е честа архивска единица, но дека истото не може да се каже и за поп музиката. Нам пак ни се поинтересни документарните аудио записи од големите историски настани - во овогодишниот избор тоа е радио преносот од погребот на претседателот Рузвелт. Сепак, најзадоволен оваа година бил комичарот Стив Мартин, чијшто комичен албум „Див и луд дечко" од седумдесетите на минатиот век е меѓу одбраните. „Не можам да бидам погорд на оваа чест. Ова значи дека мојот албум веројатно бил смешен", изјавил тој.
Еве кој сè влезе во архивата оваа година:
The Doors, The Doors
Radiohead, OK Computer
Lauryn Hill, The Miseducation of Lauryn Hill
Joan Baez, Joan Baez
Tennessee Ernie Ford, "Sixteen Tons"
Ben E. King, "Stand by Me"
Sly and the Family Stone, Stand!
Gerry Mulligan, "My Funny Valentine"
The Swan Silvertones, "Mary, Don't You Weep"
Cole Porter, Kiss Me, Kate (original cast album)
Joan Tower, Fanfares for the Uncommon Woman
Sesame Street: All-Time Platinum Favorites (compilation)
Michael Coleman, "The Boys of the Lough"/"The Humours of Ennistymon"
Blind Lemon Jefferson, "Black Snake Moan"/"Match Box Blues"
Steve Martin, A Wild and Crazy Guy
Sweet Emma and her Preservation Hall Jazz Band, New Orleans' Sweet Emma Barrett and her Preservation Hall Jazz Band
"Sorry, Wrong Number" (episode of radio series Suspense)
Johnny Mercer, "Ac-Cent-Tchu-Ate the Positive"
The Righteous Brothers, "You've Lost That Lovin' Feelin'"
Lincoln Mayorga, Lincoln Mayorga and Distinguished Colleagues
Radio reports on President Franklin D. Roosevelt's funeral
Indian Bottom Association, Old Regular Baptists: Lined-Out Hymnody from Southeastern Kentucky
Charles Laughton, John Brown's Body
The Vernacular Wax Cylinder Recordings at University of California, Santa Barbara Library
The Benjamin Ives Gilman Collection, recorded at the 1893 World's Columbian Exposition at Chicago
Тука делот од архивата којашто е достапна онлајн
Од нас - Џоан Баез, House of the Rising Sun (1960)