Пејачката ги потврди гласините дека Рејдиохед ја тужат за џапање на нивниот хит од 1993 година, Creep. Таа вика „нема врска“, ама им понудила 40% од приходите на песната. Овие бараат 100%. Со многу право.
Пичфорк пренесува дека твитовите и Фејсбук постовите на бендот почнаа да исчезнуваат од интернет, исто како и нивните профилни слики и содржините од нивната веб-страна.
Деби албумот на Дорс од 1967, OK Computer на Рејдиохед од 1997, историски снимки со музика од светскиот саем во Чикаго од 1893, се меѓу овогодинешниот избор на Конгресната библиотека, како нови архивски единици во нејзината голема звучна збирка.
На неколку деца од отприлика 5-7 години, значи пред школото да им ги затапи сетилата и од нив да направи мали уметнички медиокритети, им ја пуштаат Paranoid Android од Рејдиохед. Нивните осврти кон делото се бесценети, и стварно имаат смисла.