Тоа што првично беше претежно чудење на фановите за тоа што ги снемува твитовите и ФБ постовите од официјалните сметки на бендот, околу пладнето на 1-ви мај се заврши со комплетно празни официјални Фејсбук и Твитер на Рејдиохед (вклучувајќи и избришани профилни и кавер фотографии).
По ова и Том Јорк ги брише сите свои твитови, а подоцна и нивната официјална Гугл+ страна е комплетно избришана.
Сето ова следува еден ден откако фановите на бендот добиваат мистериозни флаери на кои се испишани зборовите:
"Sing a song of sixpence that goes
Burn the Witch
We know where you live."
Во јануари фановите шпекулираат дека е најверојатно објавување на нов албум откако се дозна дека бендот формирал нова компанија Dawn Chorus LLP. Подоцна, во февруари тие ја основаа и Dawnnchoruss Ltd. Истото ова се случуваше и при објавувањето на претходните два изненадни албуми на бендот In Rainbows и The King of Limbs.