За да покажат дека се во чекор со новото време, институции задолжени за архивирање на човечкото знаење релативно бргу реагираа на нив како на скапоцен извор на материјал. Една од најголемите од нив сега се пишмани.
Деби албумот на Дорс од 1967, OK Computer на Рејдиохед од 1997, историски снимки со музика од светскиот саем во Чикаго од 1893, се меѓу овогодинешниот избор на Конгресната библиотека, како нови архивски единици во нејзината голема звучна збирка.