Манзарек бил продуцент на дебитантскиот албум на панк-рок пионерите Х. Чудна комбинација, особено ако се земе предвид дека Дорс биле сè само не панкери. Но врската помеѓу Манзарек и групава била очигледно супер, штом тие направиле и преработка на Soul Kitchen.
Maнзарек работел и со Мајкл Форд, поет и драмски писател од Чикаго, кому во тек на повеќе години му обезбедувал импровизирани музички позадини кога овој ја читал својата поезија.
Една од критиките кои често се упатувале кон Дорс е дека тие се сфаќале себеси пресериозно и дека немале смисол за хумор. Манзарек веројатно е исклучок. Синглот на Вирд Ал Јанковиќ замислен како пародија на стилот на Дорс е во негов аранжман, а тој свири и клавијатури.
Можеби некој се сеќава на пост-панкерите Echo and the Bunnymen. Тие ја имаат снимено „Луѓето се туѓи" (People are Strange) за албумот кој го носи името на групата од 1987, а на неа повторно гостува Манзарек.
Oва е дефинитивно најинтересната ставка во списокот - соработка на Манзарек со Филип Глас, на рокенрол адаптација на познатата кантата на Карл Орф, Кармина Бурана.
Соработка на Манзарек со авангардниот трубач и композитор Бал, што се смета за негова успешна екскурзија во сферата на електронската музика. Еве нивна преработка на Riders on the Storm.
Повеќе чудни соработки,проекти и креативни идеи на Манзарек тука.