Журналот Нејчр објавува студија во која се објаснува дека гладот што ни се случува кога сме пијани има многу мала врска со стомакот, и многу голема врска со нашиот мозок, конкретно AgRP невроните (дефиниција за нив на Википедија, тука).
Овие неврони се поврзани со создавање на соединенија во мозокот кои нè прават гладни, и ова не е појава само кај нас, туку и кај останатите животни од глувци до панди.
Кога овие неврони се активираат, човек трга да јаде дури и кога не е гладен. Ова го потврдува и студија од 2011-та во која научниците успеваат да ги активираат гореспоменатите неврони кај глувци што "за неколку минути доведува до лакомо хранење" и покрај фактот што тие претходно биле најдени.
Во конкретнава студија на глувци им се давал алкохол во еднаква количина како човек секоја вечер да пие по шише и пол вино. Секој пат ова предизвикувало активирање на AgRP невроните по што настапувал неочекуваниот глад.
За самите научници прејадувањето на пијано подолго време беше мистерија затоа што целата работа нема никаква логика. Алкохолот и онака е прилично богат со калории, кои вообичаено "ги потиснуваат сигналите за апетит на мозокот", па дилемата е како може нешто што те заситува да прави да бидеш гладен? Пред студијата, стандардниот одговор на прашањето беше - јадеме затоа што сме премногу пијани за да ни е гајле.