Зградите имаат право да бидат грди

Врховниот суд во Вермонт ја потврди одлуката на првостепениот суд во врска со една тужба за градба која беше оспорувана врз основ дека била грда и дека ќе го наруши пејсажот а со тоа и вредноста на недвижнините.

Тужбите се однесувале на проект за соларен енергетски комплекс во сојузната држава на североистокот од земјата.

На првостепен суд биле одбиени на основа на судски преседан од 1896 година но тужителите ја продолжиле парницата со образложение дека „питорескната вредност“ денес би требало да се цени повеќе отколку пред 120 години.

Не.

Ваквата аргументација не минала кај Врховниот кој донел одлука дека естетската „непријатност“ на некоја градба не значи и нејзина непријатност во очите на законот и повторно се повика на стариот судски случај во кој е решено дека законот не може да биде рестриктивен во случаи на нечие естетско несогласување.

 

16 јануари 2017 - 09:15