Во последната голема студија на темата се заклучува дека куркуминот е „нестабилен, реактивен, биолошки недостапен и поради тоа крајно малку веројатно погоден за создавање лек“.
Проблемот на научниците им е начинот на кој оваа состојка реагира со одредени протеини. Заради неговата хемиска структура куркуминот создава „лажни погодоци“, односно „иако состојката нема интеракција со протеинот, резултатите покажуваат дека таа имала“. Ова потоа било проверено на клинички испитувања, каде што резултирало со неуспех.
Куркуминот спаѓа во група состојки за кои се знае дека создаваат лажни резултати. Во телото куркуминот се разлага на хемикалии што имаат различни својства. Понекогаш тој е контаминиран со други состојки што имаат сопствена биолошка активност, која погрешно му се припишува на куркуминот.
Процената на истражувачите е дека ефектот на куркумата, на пример на надразнето грло, најверојатно е плацебо. На пример тоа што си почнал да се пазиш во тој период и да пиеш топли напитоци најверојатно го помогнало твоето заздравување, без притоа да имаш никаква помош од куркумата.