На исто мислење со Данците се и останатите скандинавски земји, како и сите западни држави, освен една, кои го сметаат обрежувањето без медицински повод како спротивно на Хипократовата заклетва (во делот дека не треба да повредуваш луѓе), а освен тоа се коси и со Декларацијата на Обединетите нации за правата на децата.
Оваа една држава, исклучокот меѓу западниот свет, се Соединетите Американски Држави, "чии федерални здравствени власти и националните асоцијации на педијатри, семејни доктори и уролози ги поддржуваат и изведуваат овие медицински непотребни операции."
"Отсекувањето на дел од кожата на пенисот на здрави новороденчиња е најчестата хируршка процедура во Соединетите држави - и е индустрија од неколку стотици милиони долари," пишува доктор Мортен Фриш за Хафингтон Пост.
Глобално неколку медицински здруженија имаат објавено политики и препораки кои се спротивни на распространетиот став во САД дека обрежување новороденчиња е безопасно, и дека е корисно за здравјето.
"Всушност, ниту една медицинска асоцијација во целиот свет не препорачува обрежување на здрави момчиња," објаснува Фриш.
Во дебатата Фриш објаснува дека треба да е јасно дека кај необрежените машки е можно да се јават проблемите и инфекциите за кои предупредуваат американските доктори, меѓутоа тоа е толку ретка појава што е неразумно цела машка популација да минува хируршки зафати за спорадични случаи, кои во најголем дел секако може да се излечат.
Последните статистики од студија од 2016, се дека околу 1 во 200 не оперирани момчиња пред 18 години ќе имаат здравствен проблем за кој ќе биде потребно обрежување.