Дали се исплати летното мерење на времето?

Не.

Се повеќе студии влечат кон тоа дека летното мерење на времето е опасно по здравјето, скапо и генерално глупо. Најразлични, неповрзани студии низ светот покажуваат дека менувањето на часовникот има минимални или непостоечки ефекти врз потрошувачката на енергија.

Со сметањето на летното време се губи еден час спиење, што иако не изгледа посебно страшно, според истражувачите тоа влијае на нашиот распоред на спиење.

Статистички (во САД) во деновите по воведувањето на летното сметање, има скок во сообраќајки, мозочни удари и срцеви напади. Исто така се покажало и дека судиите даваат построги казни во деновите откако ќе им се скрати еден час спиење.

Правејќи споредба меѓу Калифорнија и Аризона, која со Хаваи се единствените две американски држави што не го менуваат часовникот, студиите покажуваат дека во деновите по воведување на зимското сметање на времето купувачите од Калифорнија ја намалиле потрошувачката за околу 3,5%, и многу помалку оделе во продавници.

Едно од објаснувањата е дека заради дополнителниот час темница, луѓето повеќе се одлучуваат да купуваат он-лајн, отколку да отидат во продавница.

13 март 2017 - 10:25