„Ние од менаџментот денес лесно би можеле да кажеме дека се спасивме благодарејќи на нашите мудри одлуки. Но, тоа не би било вистина. Компанијата ја спасија нашите работници“, вели првиот човек на управниот одбор, Бил Форд.
По колапсот на економијата во 2008, Генерал моторс и Крајслер веќе следната година беа на прагот на банкрот. Влета државата и ги ушприца со 79,9 милијарди долари.
И Форд во тоа време биле во големи проблеми но никогаш не побараа спас од државата.
„Бев преплавен со писма од вработени кои ми порачуваа: Бил, издржете, можеме да се спасиме, нема да ви го свртиме грбот. Лудо е што вакви мотивирачки писма обично се праќаат озгора - надолу, но овојпат меиловите стигнуваа од работниците на производните линии“, се сеќава Форд.
Работниците на компанијата во тие тешки времиња работеле саботи, недели, прекувремено, без надокнада, не знаејќи ни дали ќе успеат утредента да го задржат работното место. Многумина од нив не ги ни задржале поради неминовните отпуштања.
Но, откако Форд успеа да се извади од сите долгови и да застане на нозе, на работа ги вратиле речиси сите принудно отпуштени работници.