Студијата објавена во журналот Дебелина, покажува дека изложеноста на повисоки нивоа на кортизол, создаден како последица на стрес, во период од седум месеци се поврзува со зголемена килажа и прекумерна килажа.
Стресот и до сега е еден од првообвинетите за прекумерната тежина, по основа дека луѓето под стрес обично претерано јадат и стресот го стишуваат со благо или џанк-фуд.
Разликата меѓу оваа и претходните студии што ја покажуваат врската меѓу дебелината и стресот е што во оваа се следи подолг период.
Резултатот е дека луѓето кои имаат повисоки нивоа на кортизол во примероците коса (преку влакното може да се следи подолг период отколку преку крв, плунка или урина), имале поголем обем на половината, биле потешки, и имале повисок БМИ. Оние што имале БМИ поголем од 30 или половина поширока од 102 сантиметри за мажи, а 88 за жени, имале значително високи нивоа на кортизол.
"Овие резултати се доказ дека хроничниот стрес се поврзува со повисоки нивоа на дебелина.
Луѓето кои имаа повисоки нивоа на кортизол во косата најчесто имаа поголем обем на половината, што е важно затоа што носењето вишок масти во абдоменот е фактор на ризик за срцевите заболувања, дијабетес и прерана смрт," објаснува др. Сара Џексон, раководителка на истражувањето.