Пер Ерик Мускос, политичар од едно мало шведско гратче, неделава даде предлог сите работници во Шведска да имаат право на едночасовна пауза за секс.
„Треба да оозможуваме услови за поквалитетни врски а бројни се студиите кои покажуваат дека сексот е здрава работа,“ вели Мускос.
А не дека нема право. Сексот - со тапија - помага во бројни проблеми, од намалување на крвен притисок, преку подобрување на сонот, јакнење на имунитетот па сè до прекинување на икање (ни Рон Џереми не успеал да икне и да сврши истовремено).
Мускос е советник во гратче од 2.000 жители па тешко дека ваквиот план бргу ќе се претвори во национална реалност, но се надева дека неговата предлог топка постепено ќе стане лавина. И вели дека е рано да се мисли за сите детали на планот (на пример што со кривинашите, оние кои наместо на секс ќе отидат во кладилница).
За многумина вработени ова би бил неверојатен луксуз бидејќи тие и јадат на тастатура а не па да станат за секс. Меѓутоа, во шведскиот капитализам со социјалистички лик работата не е толку стресна. Тие во просек работат помалку од многу други земји (1.620 часа годишно наспроти американските 1.800), имаат породилно отуство од 480 дена кое родителите можат да го делат а сериозно размислуваат и за шест-дневна работна недела.