Живот и забава

Доцна е за египетски клетви

Чувте ли дека деновиве го отворија оној црн мистериозен саркофаг околу кој се плетеа приказни дека содржи страшна клетва и дека неговото отворање може да значи апокалипса на светов? Се разбира, го отворија саркофагот и ништо од клетвата и апокалипсата. Бидејќи веќе живееме во нив.

Дали докторот за рак ќе најде лек за вестите?

Важи за најбогатиот доктор на светот и неодамна одвои огромен дел од тоа богатство за да го купи потклекнатиот Л.А. Тајмс, да види дали може да се справи со еден од најопасните ракови на денешнината, вестите, поточно она во што тие малигно имаат метастазирано.

Ако е од бадем не може да е млеко

Производи како млеко од бадем, ориз, соја и сè останато што не доаѓа од млечни жлезди не е и не може да се брендира и продава како млеко. Во наши термини, тоа е исто како да продаваш пастрмајлија, без пастрма. Ерес!

Зошто големите банки спектакуларно го утнаа предвидувањето на шампион на Мундијалот?

Според моделите на луѓето што управуваат со глобалните пари, фудбалски шампион на светот требаше да биде Бразил или Германија. А не биднаа ни едните, ни другите.

Од рибино масло има ќар само ако го продаваш

Доказите дека омега-3 рибино масло суплементите се лесен и ефикасен начин за заштита на вашето срце во најдобар случај се климави, барем ако се научниците за слушање.

Хелсинки како поле за натпревар на лимузините

И Путин и Трамп на самитот во главниот град на Финска пристигнаа со најтешката цивилна механизација со која располагаат - претседателските лимузини.

Џон Клиз на 78 години се разочара од Британија

Не само што е разочаран туку веќе е на памет да ја менува својата родна грутка за нова татковина, која ете се падна да се наоѓа на Карипските острови.

Кога во пензија? Никогаш.

Муабетот беше дека автоматизацијата и роботите ќе ни овозможат повеќе да уживаме а помалку да работиме. Ене ја Америка, никогаш порано немало толку многу лица кои уште работат на свои 85 и кусур години. Така што, она што можеш да го забушиш денес, не го оставај за утре.

Околу спрејовите за заштита од сонце

Основите по кои треба да користиш заштита од сонце се движат од крајно естетски (брчки, стареење на кожа) до крајно медицински (рак на кожа). Проблемот е што не секоја заштита од сонце е создадена иста, посебно не спрејовите.

#MeToo удри по германскиот јазик

Дилемата дали е подобро во јазикот да имаш и машки и женски (и среден) род или само еден род, за #MeToo движењето воопшто не е дилема: не е подобро да имаш два рода, треба за сите да важи еден.

Кога штркот ќе ти донесе СИМ картичка

Полска еколошка група за заштита на животни добила мрсна сметка за мобилен телефон откако штркот кој го следеле одеднаш почнал чудно да се движи.

Малме - Палермо експрес, или коридор Скандинавија - Медитеран

Од девет клучни коридори во кои моментално инвестира ЕУ, шест се повеќе вертикални отколку хоризонтални. Ваквата хоризонтална попреченост на континентот треба да биде решена со коридор кој од Шведска и Финска, преку Данска, Германија и Австрија, стига до Италија и Малта.

Рециклирањето е игра што е наместена против тебе

Дури и секои можно ѓубре да го фрлиш во соодветно обележаната канта голем дел од пластиката повторно ќе заврши на депонии и во океани. Потрошувачите не можат да го решат овој проблем, пишува Феј Флам во Блумберг.

Што им е на богатите држави што пошумуваат?

Додека експерти и активисти на секој чекор се борат да ја спречат дефорестацијата во суб-Сахарска Африка и во Амазонија, во Западна Европа се случува значителна промена кај шумите - ги има многу повеќе, многу се повисоки и покриваат многу повеќе простор.

За кемтрејлсот се работи

Проверувајќи до каде се стигнати нивните сограѓани, истражувачите сфаќаат дека 10% од Американците „комплетно“ веруваат во кемтрејлс, додека 30% сметаат дека има некаква вистина во теоријата. А што е теоријата? Дека белите опашки што авионите ги оставаат за себе се дел од тајна владина програма за труење на народот.

Голоракиот касапски еснаф оставен сам против разузданите вегански банди

Француски касапи во официјален допис до француската влада бараат заштита од милитантните вегани, обвинувајќи ги дека се обидуваат да ја блокираат и да ја лишат Франција од културата на јадење месо.

Мумбај забрани пластични кеси и шишиња

Градот со над 12 милиони жители не само што одлучи дека ќе го забрани користењето на пластика за една употреба (кеси, шишиња, чаши...), туку прекршувањето на забраната ќе се казнува со околу 300 евра или три месеци затвор.

Ок, каде се?

Фермиевиот парадокс се однесува на конфликтот меѓу високата веројатност за постоење на вонземјански цивилизации и недостатокот на докази за контакт со таквите цивилизации.

ЗТЕ не може да си поправи писоар заради санкциите од САД

По основа загрозување на безбедност на САД, американскиот департман за трговија од април годинава забрани секаков извоз на производи за кинескиот производител. Излезе дека забраната е прилично сеопфатна, па вклучува и резервни делови за тоалетите во седиштето на компанијата во Шенџен.

Како весниците станаа лобисти за својата индустрија

Во моментот кога Трамп најавува нови царински давачки за производите од Канада, уредникот и сопственик на Џексон каунти сентинел и на уште девет други локални весници, знае дека цената на хартијата за печатење повторно ќе скокне. Во изминатите неколку месеци таа расте од 550 на 800 долари.

И јапонската држава шкрипи на сите страни

Како да не беше доволно што раштиманата јапонска железница годинава на два пати го утна времето за тргање возовите за по десетина секунди, сега и еден јавен службеник повеќе пати порано излегол на пауза за ручек.

Дали теориската физика бадијала ги троши најдобрите живи умови

Наместо да застанат и да помислат дека тука се крие некаков знак (за исклучок или за грешка во целата теорија), за да не доведат во прашање цел историски континуитет на некоја дисциплина или поддисциплина, и - можеби најважно - за да не мораат да притиснат „избриши“ на цела нивна кариера, повеќето од нив загазуваат во уште поголеми небулози, како теорија на струни или суперсиметрии, чии хипотези не се потврдени, но чие спомнување во друштво на лаици звучи езотерично и учено.

Фејсбук буквално ја искоренува сиромаштијата кај и да стапне

Проблемот е што тоа не се случува по пат на економско и социјално издигнување на сиромашните слоеви, туку преку нивно систематско бркање од секој град во кој ќе се појави гигантот.

Трамп може да се реши само со „сендвич од вистина“

Начинот на кој медиумите известуваат за Трамп најдиректно е во корист на Трамп бидејќи „му помагаат преку повторување на неговата порака,“ тврди американски когнитивен научник и лингвист кој изучува пропаганда, и дава решение на проблемот.