Питер Фремптон прави турнеја за збогување

На легендарниот гитарист му е дијагностицирано дегенеративно заболување на мускулите. Додека го држат нозете и служат прстите, закажува „Farewell Tour“ бидејќи догодина можеби нема да може да свири. „Сакам да заминам гласно, со врисок!,“ вели човекот од Хамбл Пај и Хрд кој свиреше со Боуви, Џорџ Харисон, Џери Ли Луис....

Пред осум години Питер Фремптон приметува дека ножните зглобови му се кочат. Пред четири години му се случуваат неколку инциденти, што на сцена, што надвор од неа, кога паѓа на банални работи. Почнуваат да му се заморуваат и рацете. Оди на преглед и му откриваат дегенеративно заболување на мускулите (Inclusion-Body Myositis), од оние иреверзибилни болештини кои не завршуваат добро.

Ролин Стоун: Четири години успеавте да го држите ова во тјаност. Никој не знаеше.

Фремптон: Знаеја само моите деца и бендот. Техничарите не знаеја. Кога ќе ме видоа дека имам проблеми, веројатно помислуваа дека стареам. Сега беше време да кажам затоа што уште можам да дадам 100% од себе но тоа нема вечно да трае. Свирам како луд, снимам како луд во моето студио во Нешвил, сакам да снимам што е можно повеќе во краткото време кое ми преостанува. За една година, можеби нема да можам. Болеста прогресира но сè уште сум на врвот на моите перформанси. Ако правам проштелна турнеја, сакам да свирам јако, да рокам.

Дали болеста ќе има влијание врз гласот?

Не. Оваа болест знае да го зафати и голтањето но тоа го имаат само половина од заболените. За среќа, јас го немам.

На каков третман сте?

Не постои конкретен третман за оваа болест. Постои традиционална медицина која делува а излеуваат и со нови експериментални лекови во кои се надевам дека ќе бидам вклучен. Единствената работа која ми помага е вежбањето. Вежбам како манијак, за да ги сочувам оние мускули кои ми преостанале.

 

25 февруари 2019 - 09:39