Како метод за собирање пари стримингот опфаќа директни претплати, преслушување овозможено од реклами или дигитално радио. Од ова во 2018 музичката индустрија инкасирала 7,4 милијарди долари, од вкупно 9,8 милијарди колку што направила минатата година.
Паралелно со растот на приходите од стриминг зголемен е и бројот на претплатници на ваквите сервиси па од 35,3 милиони во 2017, минатата година е завршена со 50,2 милиони, што е повеќе од 1 милион нови претплатници месечно. Дигиталните радија (Пандора и СириусИксЕм) за прв пат надминаа приходи од 1 милијарда долари.
На сметка на различните форми стриминг, пад бележи продажбата на физички медиуми (со исклучок на винил) и дигиталниот даунлоуд. Од приходи од 1,4 милијарди долари од симнување песни во 2017, минатата година овој сектор ја завршува со нешто над 1 милијарда долари.
Продажбата на винил расте на 419 милиони долари, а продажбата на ЦД-а паѓа на 698 милиони долари.