Објаснувањето за ваквата неочекувана синхронизација доаѓа од математичар кој изучува како „пренесувањето на информацијата низ општеството влијае на однесувањето на луѓето во него“.
Заклучокот на Џонатан Тубоул е дека во најголемиот број сценарија хипстерската популација секогаш минува низ некоја фаза на транзиција по која членовите стануваат синхронизирани едни со други наспроти меинстримот.
„Со други зборови хипстер ефектот е неизбежен исход во однесувањето на големи бројки на луѓе,“ се објаснува во анализата на резултатите на Тубоул.
Моделот на општество што го користи Тубоул е прилично едноставен, и е составен од конформисти кои го следат мнозинството и хипстери кои го прават спротивното. Она што е клучно тука е дека моделот го зема предвид времето потребно за секој поединец да ги воочи промените во општеството и да реагира во однос на нив.
Во компјутерските модели што ги изработува, Тубоул дека забележува хипстерите првично се однесуваат рандом пред да ја минат фазата на транзицијата во синхронизирана состојба. Иако тој нуди само два избора во својот модел, пример хипстерите да се претставени само со брада, а конформистите без, Тубоул објаснува дека синхронизацијата се случува дури и кога ќе се вметнат повеќе избори (мустаќи, бакембарди и сл...).
Иако се работи за хипстери, резултатите можат да бидат вистински корисни и употребливи во поширок обем на случаи, на пример разбирање на финансиски системи и избор на инвестициски стратегии.