Сè почнува со желба за оддалечување од меинстрим културата, а се завршува со контра-интуитивниот феномен во кој сите луѓе што се против меинстрим културата на крај си личат еден на друг.
„Ловци на стил" или стилјаги бил навредлив термин за членови на субкултура во СССР во 1950-тите. Иако самите биле аполитични, власта ги сметала за провокација, затоа што се облекувале по западен терк и ја идеализирале Америка.