Дека Оскарите знаат да бидат врв на едно помпезно фејкерство се покажа уште кога публиката ја исвирка Индијанката на Марлон Брандо кога објаснуваше дека човекот не сака награда додека цел еден народ се третира на срамен начин. Се разбира, знае таму да се случат одлични и урнебесни мајтапи, посебно кога церемонијал мајстори биле махери како Били Кристал, Крис Рок, Стив Мартин или Џон Стјуарт.
Годинава немаше водител (кудос за Кевин Харт кој одби да води откако СС пуританци почнаа да му копаат по стари изјави и му дијагностицираа хомофобија) па наместо на хумор, тежината на коментарите превагна на полето на емоциите кои се фокусираа на настапот на Гага и Купер.
Што, рака на срце, исто знае да биде бескрајно забавно ако се читаат авторитетните толкувања од Фејсбук дека тие двајца се сакаат (тајно и тивко!), ама она него поише....
Како што може да се види во следниве примери:
Ок. Од „финти“, една добра помина незабележано, освен за луѓето кои се од Јужна Африка и го зборуваат тамошниот домороден јазик.
Претставувајќи ја номинацијата на филмот Црниот Пантер, Тревор Ноа се зезаше со тоа колку многу луѓе поверувале дека измислената земја Ваканда навистина постои:
„Додека растев во Ваканда, често го гледав Т'Чала како лета над нашето село и тој секогаш ме потсетуваше на една мудра ксоса изрека која гласи: 'Abelungu abaziuba ndiyaxoka', што значи 'Во вакви времиња, посилни сме ако се бориме заедно отколку одвоено.'"
Само што на ксоса јазикот, таа изјава значи:
„Беливе луѓе појма немаат дека ги мавтам.“
Отприлика како кога после доделувањето на Нобеловата награда, новинари би го прашале Заев дали има приметено дека неговата држава пука по сите шавови, тој на струмички би им одговорил:
„Далдисал см, не см забакардисал“
По што Анѓушев би им превел дека тоа значи:
„Никогаш не сме биле посилни!“.