Атлетик: „Во НБА има многу супер ѕвезди ама ниеден не е ни близу Јокиќ“

НБА лигата однапред, пред почеток на секоја сезона одбира кои натпревари да бидат на распоред за Божиќната вечер. Обично се бираат најдобрите, најатрактивните тимови со суперѕвезди во составите. Синоќа играше речиси целиот крем-де-ла-крем на НБА лигата а сите ги засени Никола Јокиќ, пишува новинар на екипата на која Србинот ѝ наточи 56 поени.

Кога изгледаше дека НБА лигата привршува на Божиќната вечер, две од најголемите ѕвезди во НБА лигата приредија доцнежна драма во еден од најдобрите натпревари во сезоната 2025/2026.

Во натпревар кој го одбележија двоцифрени разлики кои се стигнуваа до израмнување на три пати и лудо продолжение кое содржеше извонредна низа прецизни шутеви, Никола Јокиќ го победи Ентони Едвардс и го одведе Денвер Нагетс до победа во продолжение 142-138 против Минесота Тимбервулс во Бол Арената.

Јокиќ го заврши натпреварот со 56 поени, 16 скока и 15 асистенции од кои 18 поени во продолжение односно 16 во последните три минути од продолжението откако Минесота имаше +9 поени предност.

Ова беше 179. трипл-дабл во кариерата на Јокиќ и тој го урна својот претходен рекорд на Божиќната вечер според грегоријански календар во НБА. Само двајца играчи во историјата на НБА лигата, Бернар Кинг во 1984 и Вилт Чембрлен во 1961 постигнале повеќе поени на Божиќ.

Ентони Едвардс кој се бореше со болка на рамето цела вечер, го заврши мечот со 44 поени од кои и тројката во последна секунда со која ја комплетираше неверојатната серија на Минесота Тимбервулвс 24-9 со која ја стопија предноста на Денвер од 15 поени на шест минути пред крајот.

НАЈДОБАР ИГРАЧ ВО НБА? ОЧИГЛЕДНО Е

Повеќе од 13 часа баскет на Божиќ, НБА заврши одлична работа откако ги стави сите тимови со своите препознатливи играчи во нивниот препознатлив ден.

Тука беа врвниот плеј Стеф Кари, Леброн Џејмс и Кевин Дурент, Видовме некои од најветувачките млади играчи на следната генерација како Купер Флаг, Виктор Вембанјама и Амен Томпсон. Имаше и тројца играчи на моментот како Шеј Гилџес-Александар, Ентони Едвардс и Џајлен Брансон.

Кога денот беше готов, едно нешто беше јасно како што секогаш било. Никола Јокиќ е најдобриот од сите нив а не се ни близу до него.

Трикратниот МВП на НБА ги гледаше сите останати како добиваат шанса да направат шоу во текот на празничната вечер, за да на крајот стави капак и ги остави сите подзинати против Минесота Тимбервулвс.

Нагетс играа без тројца првотимци поради повреда и играа против еден од најсилните тимови во лигата. Но не беше важно зошто Јокиќ е проклето добар. Постигна 18 поени во прва четвртина, имаше трипл-дабл во текот на треиот период и даде 18 од своите 56 поени во продолжение.

Јокиќ е лидер во НБА по број на асистенции и скокови во просек по натпревар. Тој влезе во Божиќната ноќ со шут подобар од 60% од поле во просек, 43% за три поени и 84% од линија за слободни фрлања. Тој е најнезапирлива сила во лигата и еден од најдборите офанзивни играчи што некогаш ја играле оваа игра. Точка.

„Чест и привилегија е да се гледа како тој игра кошарка“, рече Чарлс Баркли на полвуремето за Јокиќ.

Тоа е навистина точно така.

Гилџес-Александер е актуелен МВП и феноменален талент од шампионот Оклахома Сити. Тој има во просек седум скока помалку во просек и четири асистенции помалку од Јокиќ. Лука Дончиќ има неверојатна сезона за Лос Анџелес Лејкерс. Има шут од 45% прецизност во просек од поле, 32% за 3 поени и 80% од слободни фрлања но не е ни близу ефикасноста на Јокиќ.

Овој натпревар (Нагетс - Тимбервулвс) беше многу сличен со натпреварот во Денвер минатата сезона кога Јокиќ уфрли трипл-дабл со 60 поени!

А Минесота го доби натпреварот. Но не и овој пат. Никој не може да го направи тоа што Јокиќ го прави. А на Минесота два пати и го направил.

Јон Кравчински, сениор-новинар на Тимбервулвс.

Страшен настап на Никола Јокиќ - 56 поени и трипл-дабл!

26 декември 2025 - 10:52