- „Јован Деспотовски, член на СДСМ, дејствува како петтоколонаш, предавник одвнатре, во договор со членови на ВМРО-ЗНАМ, кои со заеднички сили се обидуваат да ја дестабилизираат партијата преку медиумска кампања“, го објаснува СДСМ барањето за негово исклучување.
- Велат дека тој „ја урива партијата одвнатре, соработувајќи со сили што претставуваат современ еквивалент на фашистичките окупатори“. И дека акцијата е координирана и финансирана од СНС и Вучиќ.
- Да се насмееме: Тоа се правело „токму во моментот на подем на партијата“.
- „Искрено, после 30 години политички стаж најмалку очекував токму мојата матична партија да ме остави целосно без зборови и коментар. Во сите јавни настапи сум бил максимално умерен дури и во ситуации и за луѓе кои апсолутно заслужиле остар став. Ако таа умереност сега станува закана за актуелниот партиски врв тогаш СДСМ има многу поголем проблем отколку што и мислиме“, вели Деспотовски.
- Почина театарската, филмска и телевизиска глумица Ленче Делова, соопшти Драмски театар, нејзината матична куќа. Имаше 77 години.
- Нејзиниот талент, сценска присутност и човечка топлина оставија неизбришлива трага на сцената и во срцата на публиката. Со секоја улога таа внесуваше искреност, емоција и посветеност, градејќи ликови кои долго ќе се паметат. Нејзината насмевка и ведриот дух беа светлина зад сцената, а нејзината професионалност пример за генерации актери, напишаа колегите.
- Делова играла во 60-тина претстави во Драмски театар, а глумеше и во над 30 филмови.
- Луѓето кои користеле канабис во која било фаза од својот живот имаат поголеми волумени во мозочните региони поврзани со меморијата, учењето и извршните функции.
- Користејќи податоци од над 25.000 луѓе на возраст меѓу 40 и 77 години, истражувачи откриле дека умерената употреба на канабис во текот на животот е во корелација со зголемување на големината на четири битни региони во мозокот - хипокампусот, амигдалата, каудатното јадро и и путаменот.
- Со оглед на тоа што овие мозочни региони се поврзани со клучни атрибути како што се емоциите, моторната контрола и меморијата, истражувачите решиле да истражат како употребата на канабис влијае врз когнитивната кондиција од средината на животот па понатаму.
- Испитувајќи податоци од 16.728 лица, уште еднаш потврдиле дека умерената употреба е поврзана со подобри перформанси во задачи што вклучуваат учење, брзина на обработка на податоци и краткорочна меморија.
- Неодамна во Македонија беа запленети 40 тони марихуана. Знаете ли колку мозочен волумен може да добие колективниот ум на Македонецот кој во свeтски споредби и онака кубури со IQ?
- Кажавме што имаме да кажеме.